(Видео) Муцунски: Да ги исполниме стратешките цели и да ги одбраниме идентитетските прашања

Муцунски-Тошковски-Петрова-Велковски-Трипуновски-и-Андоновски-се-кандидатите-за.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Идниот министер за надворешни работи во новата Влада, Тимчо Муцунски порача дека треба да се исполнат стратешките цели и да се одбранат идентитетските прашања, а дипломатијата да биде употребена во функција на економијата.

Муцунски кој досега ја извршуваше функцијата градоначалник на Аеродром, рече дека ја остава општината со многу проекти, исправена и подготвена за многу новини и решенија кои ги бараат граѓаните.

„Каде и да сум, секогаш ќе бидам тука за Аеродром. Овојпат Македонија мораме да ја издигнеме над просечноста, ја победивме апатијата, но тоа не е доволно, време е да ја промениме реалноста и да ги започнеме промените. Македоноија не смее да остане на опашката во евроинтеграциите. Мораме да покажеме одлучност и посветеност во исполнување на стратешките интереси за полноправно членство во ЕУ. Но и спремност да ги одбраниме идентитетските прашања кои се наше право и должност“, рече Муцунски.

Според него, потребно е да  се привлекуваат инвестиции кои ќе го отворат патот за подобар живот и повисок животен стандард.

„Македонија ќе биде почитувана. Ќе работиме макотрпно во промоциjа на вредностите во кои верувам. Државата да ја вратиме на народот. Инвестиции и дипломатија за тебе, за сите нас. Почнуваме!“, порача Муцунски.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK