Костадиновска-Стојчевска: Ретерирање на ВМРО-ДПМНЕ од „никогаш Северна“, сите пропаганди и лаги паднаа во вода

bisera.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Сите пропаганди и лаги на ВМРО-ДПМНЕ паднаа во вода, а црвените линии кои цврсто ги поствија за време на кампањата и предходно , ‘ никогаш Северна’, многу брзо ги избришаа, кога е во прашање власт, рече пратничката на СДСМ, Бисера Костадиновска -Стојчевска на денешната седница во Собранието.

Во говорот Костадиновска-Стојчевска, потенцираше на лагите на ДПМНЕ за време на кампањата, но и предходно кога на големо велеа дека сме ја дале држвата и името под бугарски диктат.

„Доста беше со двосмислени изијави или пу пу неважи, за најважните прашања. Па да потсетиме дека во редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат кандидат кој не ја прзинава химната и вели дека нема да ја пее. Во ова мнозинство има кандидати кои со своите црвени линии кои ги поставија седнаа на маса со Ванчо Михајлов. За време на кампањата имавте изразени црвени линии, ама сега ја прецртавте бојата, сега нема ниту линии ниту граници кога станува збор за власт“, рече Костадиновска- Стојчевска.

Таа на претениците од ДМПНЕ им предложи да подигнат нов споменик, за кој рече: споменик на кој седат Ванчо Михалов и Ченто на иста маса како потестинк дека го излжавте народот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK