Силјановска Давковка ќе стави потпис на законот со кој ќе добиеме 4 нови министерства

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе го потпише указот на Законот за организација и работа на органите на државната управа оти станува збор за системски закон кој се носи со двотретинско мнозинство. -Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од …

Continue Reading

(Видео) „Вака лажат месарите“ – инфлуенсер покажа како се манипулира со вагата и направи хаос на социјалните мрежи

Аргентинскиот инфлуенсер, Марито Лоренс, познат по своите совети за купување месо, реши да ги предупреди луѓето за подмолниот трик што го користат одредени месари. Оваа измама, како што тврди, се извршува за неколку секунди, а на клиентите им „вади“ повеќе пари од џебот. Марито, по професија месар, објаснува дека муштериите „лесно се мамат“ затоа што обично гледаат во телефоните или …

Continue Reading

Маж се јавил на 112 и барал помош откако се изгубил во Старо Нагоричане

Граѓанин залутал во реонот на општина Старо Нагоричане, движејќи се накај бањата Стрнобац, соопшти денеска Центарот за управување со кризи. -Граѓанин се јавил на 112 дека залутал и се изгубил, движејќи се кон Стрновац- бања во Старо Нагоричане. По конференциска телефонска комуникација со дел од службите од Системот за управување со кризи и со ОЦ СВР Куманово, било донесено решено …

Continue Reading

Инцидент во Кичево: родител на ученик кој бил отстранет од матурскиот испит оти криел телефон ги нападнал набљудувачките

Инцидент во Кичево при полагање на вториот предмет од државната матура. Родител на ученик кој бил отстранет од испитот заради поседување на телефон, вербално ги нападнал набљудувачките од МОН и Бирото за развој на образованието. Во едно училиште влезе родител кој вербално ги нападна набљудувачките кои ги отстраниле двата ученика кои користеле телефони. Побаравме интервенција од полицијата. Побарав да влезе …

Continue Reading

Трагедија: неготинчанец се удавил во Охридското езеро

54 годишен маж од Неготино се удавил во Охридското Езеро. МВР информира дека синоќа во 20:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино. По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршиле полициски екипи, а смрт …

Continue Reading

Македонскиот органски лешник конкурентен на европскиот пазар

Денес за прв пат во Македонија се одржа Конференција за лешникари – Сигурна иднина на Швајцарскиот пазар. Целта на оваа конференција беше да обезбеди корисни информации и поддршка за одгледувачите на лешници. Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, изјави дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А …

Continue Reading

Јуриќ: Можно е малата Данка да е жива

Истрагата за судбината на Данка Илиќ (2) тргна во друг правец откако осомничениот Срѓан Јанковиќ (50), од селото Лука, по долго време реши повеќе да не се брани молчејќи во обвинителството, туку да ја изнесе својата одбрана. Имено, Јанковиќ е уапсен на 6 април, а на распитот во полиција го признал делото, за подоцна пред обвинителот да го негира делото …

Continue Reading

Тројца насилници во слаткарница на „Широк сокак“ замавнувале со метална палка и се заканувале, ОЈО поведе постапка

Основното јавно обвинителство од Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело насилство. „На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата “Широк Сокак”, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај …

Continue Reading

Гримау повеќе не е тренер на Барселона

Гримaу ја напушти Барселона по 84 натпревари, и сезона во која не освои ниту еден трофеј. Гримау летово го замени Шарунас Јасикевичиус кој три сезони ја водеше Барселона Во Евролигата испадна во четврт-финалето, каде беше елиминиран од тимот на Олимпијакос, во домашното првенство, во полуфиналето беше елиминиран од Реал Мадрид, додека во Купот на кралот беше поразен од неговиот најголемиот …

Continue Reading