Осуммина ќе го напуштат Тотенхем
Менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу планира големи промени во летниот преоден рок. Англиските медиуми објавија дека на трансфер листата се Пјер-Емил Хејбјерг, Џовани Ло Селсо и Брајан Хил, додека во тимот нема да има место и за фудбалерите кои минатат сезона беа позајмени во други клубови: Џо Родон, Џед Спенс, Серхио Регилон, Танџи Ендомбеле и Тангага. Исто така, се верува …
Continue Reading
Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре
Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство. Согласно Деловникот, постапката за избор се повторува се додека не се избере претседател на Уставниот суд“, информираат од Уставниот суд . Седницата за избор, како што е најавено, продолжува утре во 10 …
Continue Reading
„Дејли Телеграф“: Украина ќе исчезне за неколку месеци доколку Западот ја заборави
Конфликтот во Украина достигнува критична точка бидејќи постои сериозен ризик интересот и поддршката на западните сојузници повторно да се намалат. Западот е повеќе загрижен за своите претстојни избори, што е особено загрижувачко во Киев, пишува „Дејли телеграф“. Во исто време, рускиот претседател сигнализира дека со задоволство ќе ги прекине непријателствата, а истовремено ќе ја зачува територијата што неговите војници веќе …
Continue Reading
Шмит: Не можам да одредам датум за прием на Западен Балкан во ЕУ
Водечкиот кандидат на Партијата на европските социјалисти за претседател на Европската комисија, Николас Шмит, вели дека не може да одреди датум за влез на Западен Балкан во ЕУ, но се надева дека ќе го забрза процесот на проширување на ЕУ. Во интервју за „Europie Newsroom“, Шмит, на прашањето на Танјуг дали мисли дека Западен Балкан може да влезе во ЕУ …
Continue Reading
Во Росарио нови закани до Ди Марија и неговото семејство
Нови морничави закани доби славниот Аргентинец Анхел Ди Марија. Ветеранот е слободен играч откако му заврши договорот со Бенфика, имаше желба да се врати дома во Росарио, но како штосега стојат работите тој ќе му се приклучи на својот добар пријател Лионел Меси во Интер Мајами. Одлуката на Анхел Ди Марија каде ќе ја продолжи кариерата прави проблеми во Аргентина. …
Continue Reading
Ѓорѓиевски –Гeрасимовски: За модерни општини и град Скопје, клучен е безусловен рамномерен регионален развој
За модерни општини и град Скопје, клучен е рамномерен регионален развој и тој не смее да биде условен од политика или друг фактор на поделба, беше заклучокот од средбата на Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. На денешната посета која се одвиваше во рамки на циклусот со кој се опфатени сите општини, беа дискутирани …
Continue Reading
Патувајте удобно и сигурно со Mastercard World Debit од Халкбанк
Време е кога интензивно почнуваме да размислуваме каде да го поминеме годишниот одмор. Без разлика дали ќе се одлучиме за активен или пасивен одмор, патувањето е секогаш можност да се создадат нови спомени. Но притоа, многу е добро да се има кредитна картичка за меѓународно патување бидејќи може да обезбеди низа придобивки и заштита додека патуваме. Токму таква е Mastercard …
Continue Reading
Сиљановска Давкова со хрватската амбасадорка Тигањ: двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата се разговараше за одличните билатерални односи коишто се одликуваат со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока, претседателката истакна дека двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет на регионот …
Continue Reading
Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ
Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека дека со нивното невлегување во власта се прекршува Охридскиот договор. Гир потоа рече дека она што е важно е дека според прелиминарната оценка на меѓународните набљудувачи, изборите беа демократски и се случија …
Continue Reading