Жените од снимката ги бараат со фоторобот: се очекува виенската полиција да се огласи за видеото со девојчето што личи на Данка

Виенската полиција најави дека ќе излезе со соопштение во врска со видеото направено од српски државјанин, на кое наводно се гледа девојче што личи на Данка Илиќ. Засега не се знае што ќе биде соопштено бидејќи се собираат информации. Дописникот на РТС јавува дека полицијата ги бара жените на видеото, но бидејќи не им се гледаат лицата, ги бара врз …

Continue Reading

Шакира со критика за филмот „Барби“: Не ми се допаѓа, сакам моите синови да се чувствуваат моќни

Шакира ја краси насловната страница на списанието „Алур“, а во интервјуто даде прилично неочекуван коментар за филмот „Барби“, поради што многумина ја критикуваат на интернет. Блокбастерот во режија на Грета Гервиг се најде на врвот на кино-благајните минатата година со 1,4 милијарди долари ширум светот и заработи осум номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм. Сепак, колумбиската пејачка изјави …

Continue Reading

Ајакс го суспендира генералниот директор

Надзорниот одбор на Ајакс го суспендираше генералниот директор Алекс Крос, поради тргување со информации. Одлуката е донесена откако беше откриено дека Крос купил 17.000 акции на Ајакс една недела пред да биде назначен на позицијата генерален директор на 2 август 2023 година, што укажува на кривично дело, тргување со информации. „Ова е многу штетно за клубот. Времето на неговото купување …

Continue Reading

Митева: На само еден месец пред избори ДУИ и СДС со скандалозни тендери во МОН

Фатени на дело, ДУИ и нивните слуги од СДС, само подлабоко се закопуваат во дупката што ја ископаа во образованието. На нивниот вчерашен прес, на целата Македонска јавност и потврдија дека незаконски изработуваат дигитални учебници, повикувајќи се на концепцијата за основно образование на Царовска. И сето тоа, само за некој милион повеќе во касата на ДУИ и СДС. Само потврдија …

Continue Reading

Мајка и син искасани од куче скитник на Партизанска

Вчера во 16.45 часот во Полициската станица Карпош, В.В.(44) пријавил дека на бул.„Партизански oдреди“ во Скопје, тој и неговата мајка Р.В.(74), двајцата од Скопје, биле каснати од куче скитник. Синоќа во 19.15 часот во Полициската станица Гази Баба, уште една жена со иницијали Т.Н.(77) од Скопје пријавила дека во паркот на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот …

Continue Reading

Дванаесетгодишно дете загина во напад на училиште во Финска

Детето (12), кое беше рането во пукање во училиште во Финска, им подлегна на повредите, соопштија властите. Во нападот беа ранети уште двајца ученици, исто така на возраст од 12 години. Осомничениот напаѓач, кој е на иста возраст со нападнатите момчиња, е уапсен. Полицијата рано утринава била повикана во училиштето и и било кажано дека имало пукање. Очевидец, кој случајно …

Continue Reading

159 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Во реонскиот парк со пригоден настан одбележан 2 април, Денот на раѓање на македонскиот херој, патрон и великан Ѓорче Петров. „Голема е честа да го славиме животот на историски личности кои оставија значаен печат во македонската историја. Посакувам неговата љубов кон Република Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа, ќе не однесе на добар пат …

Continue Reading

Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг: мајката на Данка Илиќ за првпат по исчезнувањето на нејзината ќерка

Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, се уште трае. Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат е видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое детето наводно исчезнало. Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото …

Continue Reading

Се судрија камиони во Кочанско, 57-годишен маж тешко повреден

Вчера во 11.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат А-3, кај с.Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(57) од Штип и товарно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(43) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Д., констатирани …

Continue Reading