159 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Александар-Стојкоски-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во реонскиот парк со пригоден настан одбележан 2 април, Денот на раѓање на македонскиот херој, патрон и великан Ѓорче Петров.

„Голема е честа да го славиме животот на историски личности кои оставија значаен печат во македонската историја. Посакувам неговата љубов кон Република Македонија на сите да ни биде инспирација во годините што доаѓаат. Тоа, ќе не однесе на добар пат да работиме во континуитет за подобрување на нашето секојдневие и условите за живот на локално, централно и регионално ниво“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Великаните ги поставија постулатите, ние само треба да ги следиме, додава Стојкоски.

„Во годините што доаѓаат, заеднички да придонесуваме за унапредување на нашата заедница. Доаѓа време на промени, време во кое ќе ја направиме Македонија повторно горда. Ќе го направиме Ѓорче гордо и секој еден човек ќе биде свој на своето“, истакна тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK