Ужас на клучката кај Смилковци: полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил

Автомобил удри во две возила од кои едното полициско,  на скопската обиколница во близина на клучката Смилковци. Од МВР велат дека вчера патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно …

Continue Reading

Родители на ученик телефонски и’ се заканувале на директорката на училиште во Карпош

Родители на ученик телефонски и’ се заканувале на директорката на училиште во скопската населба Карпош. Според информациите од полицијата, закани биле упатени и кон наставничка и родител на ученичка. По заканите таткото се обидел да влезе во училиштето, велат од МВР, според пријавеното. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Се запали куќа во Гостиварско, 76-годишниот сопственик е повреден

Вчера во селото Беловиште, Гостиварско настанал пожар во куќа сопственост на Ќ.Ш.(76). Од пожарот опожарени биле дел од објектот и покуќнината, а со телесни повреди се здобил сопственикот, соопштија од полицијата. Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица-Гостивар. Извршен бил увид. Засега нема информации што го предизвикало пожарот.

Continue Reading

Пукано кон градежник додека работел во Гостиварско

Државјанин на Албанија со иницијали Ф.К. пријавил дека во селото Симница, Гостиварско додека изведувал градежни работи, од патничко возило било пукано кон него и неговиот другар. Потоа, според пријавеното, возилото го напуштило местото на настанот. Од МВР велат дека нема повредени лицаза време на пукањето. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар и се преземаат мерки за расчистување …

Continue Reading

Со дрога фатен полицаец од Охрид

Вчера во комплексот „Инекс“ во Охрид, приведен е А.М.(30) од Охрид, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот. При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност. При претрес во неговиот автомобил, извршен со …

Continue Reading

Триесетгодишник ги нападнал своите родители, МВР го приведе

Полицијата синоќа на полноќ, го приведе Н.Ш.(30) од Кичево, затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговите родители. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Continue Reading

Гвардиола откри за кој играч жали: Не сакаше да му се приклучи на Сити за целото злато на светот

Англиската Премиер лига викендов се врти околу големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, кое може многу да влијае на исходот на првенството.   Арсенал моментално е лидер со 64 бода, исто колку и Ливерпул. Манчестер Сити е трет со бод помалку. Во пресрет на натпреварот, менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан …

Continue Reading

ОМД го осудува вандализмот на Македонскиот православен манастир Свeти Атанасиј во Тетово

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) изразува силна осуда за неодамнешното вандализирање на Македонскиот православен манастир Свети Атанасиј во Тетово, Македонија. „Во жалосен чин на непочитување и нетрпеливост, на мета беше манастирот, свето место за Македонската православна заедница, во време кога верниците свечено постат за православниот Велигденски пост и Рамазан. Овој злонамерен чин не само што ја нарушува светоста на верската институција, …

Continue Reading

Мицкоски: Визијата „Македонија твоја“ е Македонија со реформи, конкретни проекти и многу работа

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за парламентарните избори 2024 истакна дека државата е во хаос а ВМРО-ДПМНЕ ветува конкретни проекти, работа и надеж за сите граѓани на Македонија. „Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи …

Continue Reading