Ужас на клучката кај Смилковци: полицијата запрела возило за контрола, па во нив се забил автомобил

22-годишен-возач-со-автомобилот-излета-на-обиколницата-кај-Стајковци-хоспитализиран.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Автомобил удри во две возила од кои едното полициско,  на скопската обиколница во близина на клучката Смилковци.

Од МВР велат дека вчера патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(28) од Скопје, удрило во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С.(47) од Гостивар, кои претходно биле запрени поради вршење на контрола.

Во незгодата со телесни повреди се здобил мажот кој бил запрен од полицијата, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK