Крафт победи во Бишосхофен, Кобајаши ја освои Новогодишната турнеја
Штефан Крафт победи на последната станица на турнејата Четири скокалници, а Рјоју Кобајаши трет пат во кариерата победи во вкупниот пласман и го освои Златниот орел. Рјоју Кобајаши, не победи ниту еднаш, четири пати беше втор, што му беше доволно за вкупна победа. Јапонецот стана вториот во историјата, кој успеал да победи на Новогодишната турнеја без победа. Пред 25 години …
Continue Reading
Тимо Вернер ќе го засили Тотенхем
Тимо Вернер пристигнува во Тотенхем. Новинарот на „Скај спортс Германија“, Флоријан Плетенберг, објави дека Вернер се согласил да му биде позајмен на Тотенхем до крајот на сезоната. Лајпциг и Тотенхем се во завршни преговори и во текот и до крајот на денот треба да ги договорат финансиските детали, како и за евентуалната откупна клаузула, но Тотенхем нема да биде обврзан …
Continue Reading
(Видео) Фратези и стативата спречија кикс на Интер против Верона
Интер, во невидена драма, која траеше 102 минути ја победи Верона со 2:1, во првиот натпревар од 19.коло во Серија А. Кикс на Интер спречи најпрвин Фратези во 93.минута кога постигна гол за 2:1, а потоа и среќата им беше наклонета на избраниците на Симоне Инзаги. Во 100.минута, Хенри не успеа да реализира пенал, неговиот лош удар заврши во стативата. …
Continue Reading
Почина Марио Загало, легендата на бразилскиот фудбал
Марио Загало, легендата на бразилскиот фудбал, почина во петокот на 92-годишна возраст. Засекогаш ќе остане запаметен како првиот фудбалер кој го освоил Светското првенство како играч, а потоа и како тренер. Наречен професор, Загало одигра клучна улога во четири од петте светски титули на Бразил. Како играч освои две светски шампионски титули, во 1958 година во Шведска и во 1962 …
Continue Reading
Австралија опен нема право да го именува стадионот по Ѓоковиќ
На почетокот на 2022 година, кога австралиските власти го депортираа Новак Ѓоковиќ од земјата, се појави измислена вест дека тоа се прави за да се спречи стадионот во Мелбурн да го носи неговото име. Наводно, постои правило според кое играчот што ќе го освои десет пати ја добива таа чест. Ноле победи пред една година и ја осови десеттата титула …
Continue Reading
Керер во Монако до крајот на сезоната
Фудбалерот на Вест Хем, Тило Керер, му се приклучи на Монако на позајмица до крајот на сезоната. Како што објави Монако, клубот ќе има опција да го купи 27-годишниот германски дефанзивец на крајот на позајмицата. Керер го загуби местото во првиот тим, оваа сезона не беше стартер во Премиер лигата во која од септември одигра само еден натпревар. Сезонава одигра …
Continue Reading
Белингем ја предводи листата од 100 играчи со највисоки трансфер вредности
Англичанецот Џуд Белингем ја предводи листата од 100 играчи во светот со највисоки проценети трансфер вредности. Ѕвездата на Реал Мадрид со трансфер вредност од 267,5 милиони евра е пред Норвежанецот Ерлинг Халанд (Манчестер сити) и неговите бразилски соиграчи од Реал Мадрид, Винисиус Жуниор и Родриго. „Викли Пост“, во своето 445.издание ги претстави 100. играчи во светот со највисоки проценети трансфер …
Continue Reading
Надал елиминиран од Томпсон во Бризбејн
Џордан Томпсон го елиминираше Рафаел Надал во четвртфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Бризбејн. Австралиецот, успеа да спаси три меч топки во вториот сет и потоа по три часа и 28 минути игра го победи шпанскиот тенисер. Рафа Надал, по пауза од 349 дена му се врати на тенисот. Успешно ги мина првите две рунди во Бризбјен (Тим …
Continue Reading
Беќири е новиот тренер на Шкендија
Фудбалскиот клуб Шкендија го имeнуваше Јетон Беќири за нов шеф на стручнујот штаб. Тој потпиша 18-месечен договор со клубот. Беќири на клупата на Шкендија ќе го наследи Ардијан Нухиу. „По успешниот период во клубот како помошник тренер и во два наврати во улога на в.д. тренер на првиот тим, Јетон Беќири се враќа во Шкендија за првпат да го води …
Continue Reading