Рома без Лукаку против Болоња

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Фудбалерот на Рома, Ромелу Лукаку, поради повреда ќе го пропушти натпреварот од 33. коло против Болоња, кој е закажан за в понеделник во Рим.

Лукаку се повреди пред два дена, во првото полувреме на реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа против Милан (2:1).

Италијанските медиуми потсетуваат дека белгискиот напаѓач ја напушти играта во 29. минута поради проблеми со мускулите. Тој треба да се врати на тренинзите кон средината на следната недела.

Лукаку оваа сезона одигра 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања и постигна 18 голови.

Болоња во моментов е на четвртото место на табелата во Серија А со 59 бодови, додека Рома е петта со четири бода и натпревар помалку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK