(Видео) Галено со евро-гол му пресуди на Арсенал, Лева и Осимен за реми во Неапол

Првиот дел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите заврши вечерва со натпреварите во Порто и Неапол. Порто стекна минимална предност пред реваншот протв Арсенал, додека првиот натпревар меѓу Наполи и Барселона заврши без победник. На „Драгао“ во Порто, домашниот тим и Арсенал одиграа динамичен натпревар. Порто без респект му се спротивстави на Арсенал, и за таквата определба беше награден …

Continue Reading

(Видео) Ливерпул за полувреме го прегази Лутон

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Лутон со 4:1 (0:1) во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата и останаа на врвот на табелата пред преостанатите натпревари од оваа рунда. Тимот на Јирген Клоп повторно има четири бода повеќе од Манчестер сити. „Црвените“ порано го одиграа натпреварот од ова коло поради финалето на Лига купот што ги очекува в недела против …

Continue Reading

Енди Мареј: Овој спорт повеќе не е за мене

Енди Мареј загуби уште еден меч од почетокот на годината. Вовторото коло на АТП турнирот во Доха, Мареј доживеа пораз од 18-годишниот Јакуб Менсик. Чешката сензација славеше триумф против искусниот Британец во три сета, во три тај-брејка: 7:6, 6:7, 7:6. Мечот траеше дури три часа и 26 минути, а новиот пораз на Мареј многумина го сметаат за почеток на крајот …

Continue Reading

Eден месец без Алисон Бекер – продолжуваат проблемите во Ливерпул

Ливерпул моментално е лидер во Премиер лигата, но се соочува со големи кадровски проблеми. По повредите на Диого Жота, Трент Александер и Собослај, Јирген Клоп во следниот месец нема да може да смета на првиот голман Алисон Бекер. Бразилецот го пропушти мечот од минатото коло против Брентфорд, а селекторот на Бразил, Жуниор Доривал откри колку ќе трае паузата. Алисон ќе …

Continue Reading

ФИБА на Пјерија Хенри му изрече 48-месечна суспензија

Кошаркарот на Басконија, Пјерија Хенри, минатата година под чудни околности заработи суспензија. Имено, Американецот беше суспендиран по рутинска антидопинг контрола. Уште тогаш беше јасно дека се соочува со повеќегодишна суспензија, а сега тие шпекулации добија потврда. ФИБА на официјалниот сајт објави дека Хенри ќе мора да паузира 48 месеци, а правото на настап ќе го стекне дури на 13 јануари …

Continue Reading

Роналдињо влегува во турското реално шоу

Легендарниот Бразилец Роналдињо (43) според многумина е можеби најатрактивниот фудбалер кој некогаш стапнал на теренот, а својот врв го доживеа во Барселона, со која ги освои сите најголеми тимски и индивидуални награди и играше на највисоко ниво неколку сезони. Роналдињо додека беше активен фудбалер често беше присутен во жолтиот печат. Откако се пензионираше заврши во затвор во Парагвај поради фалсификуван …

Continue Reading

УЕФА ја претстави новата Лига на шампиони

Новиот формат на Лигата на шампионите ќе стартува од следната есен. Ова го објави УЕФА на официјалната веб-страница. Најважната промена е што во најсилното европско клупско натпреварување ќе учествуваат 36 клуба, а не 32 како досега. „УЕФА покажа посветеност на основните вредности на спортот и ги бранеше принципите на отворени натпреварувања. Постои спортска солидарност, која го краси европскиот спортски модел“, …

Continue Reading

Порака испратена до Ливерпул и Баерн: Алонсо ќе остане во Леверкузен

Чаби Алонсо оваа сезона бележи чудесни резултати со Баер Леверкузен. Неговиот тим е на добра пат да ја освои титулата во Бундеслигата, а има шанси да се бори и за трофеите во Купот на Германија и Лига Европа. Моментално е најбараниот стручњак на пазарот, најмногу за него се распрашуваат Ливерпул и Баерн. Великаните на светскиот фудбал во наредната сезона ќе …

Continue Reading

Барселона гостува во Неапол, Арсенал во Порто

Вечерва во Лигата на шампионите ќе се одиграат два исклучително интересни осминафинални натпревари. Фудбалерите на Наполи ја пречекуваат Барселона на стадионот „Диего Армандо Марадона“, а Порто ќе му биде домаќин на Арсенал. Наполи е во тешка ситуација, бидејќи нивната форма варира и се само бледа сенка на тимот што лани ја освои титулата во Серија А. Она што може да …

Continue Reading