Лук Литлер го потпиша најголемиот договор во историјата на пикадото

Британецот Лука Литлер потпиша соработка со компанијата „Таргет Дартс“, која произведува стрелички за пикадо. Според локалните медиуми, тоа е најголемиот спонзорски договор во историјата на пикадото. 16-годишникот стана светска сензација на неодамнешното Светско првенство во Лондон во јануари, кога загуби од Лук Хемфрис во финалето. Литлер стана најмладиот вицешампион на планетата, а најпрвин стана најмладиот победник на натпревар на СП. …

Continue Reading

Тејтум мисли дека е најдобриот играч во НБА

Џејсон Тејтум игра уште една одлична сезона во дресот на Бостон Селтикс, беше избран во Ол-стар тимот на Источната конференција, сезонава има просек од 27,1 поен (47,5% шут од поле), 8,6 скока, 4,8 асистенции. 25-годишниокот од Мисури, во разговор со Малика Ендрјус откри кој е најдобриот играч играч во НБА лигата. „Кој е најдобриот играч во НБА? Јас“, изјави Џејсон …

Continue Reading

Данило Галинари во Милвоки Бакс

Милвоки Бакс донесоа уште едно добро познато име во својот тим. Нов играч на франшизата од Висконсин стана искусниот Италијанец Данило Галинари. Актуелната сезона е 14. за Галинари во НБА, сезонава одигра 32 натпревари за Вашингтон и Детроит, со просек од 7,3 поени и 2,8 скока за околу 15 минути по натпревар. Поранешниот играч на Њујорк Никс, Денвер Нагетс,ЛА Клиперс, …

Continue Reading

Дани Алвеш осуден на четири ипол години затвор

Судот во Барселона му изрече затворска казна од четири години и шест месеци на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (40), поради сексуален напад. По три долги рочишта, судењето заврши на 7 февруари, а 15 дена подоцна стигна и пресудата на Dванаесеттиот суд во Барселона. Познатиот бразилски фудбалер лично ja дозна одлуката на судот, а присустни беа неговата адвокатка Инес Гвардиола, обвинителката …

Continue Reading

Тирам ќе отсуствува најмалку три недели

Маркус Тирам одигра само едно полувреме, во вториникот, во победата на Интер над Атлетико Мадрид, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите. Тирам се повреди во финишот на првото полувреме, подоцна неговата замена Марко Арнаутовиќ го постигна единствениот гол на натпреварот. Медицинските прегледи покажале дека Тирам ќе паузира најмалку 20 дена. Нема да игра против Лече и Аталанта во …

Continue Reading

Ретклиф: Одлука за Гринвуд ќе донесеме на крајот на сезоната

Сопственикот на 25 отсто од акциите на Манчестер јунајтед, Сер Џим Ретклиф, за „Би-би-си“ изјави дека клубот ќе донесе одлука за иднината на Мејсон Гринвуд на крајот од сезоната. Во 2022 година англискиот фудбалер беше обвинет за обид за силување и физички напад, поради што осум месеци мина во затвор. Откако неговата девојка ја повлече тужбата, крилниот напаѓач ја продолжи …

Continue Reading

(Видео) Меси ја режираше победата на Интер Мајами

Со натпреварот помеѓу Интер Мајами и Реал Солт Лејк започна новата сезона во МЛС лигата. Тимот од Флорида предводен од Лионел Меси и Луис Суарез ги совлада гостите во Форт Лодердејл со 2:0. Токму поранешните соиграчи од Барселона беа асистенти во натпревар. Стрелци за Мајами беа Роберт Тејлор, по одличното додавање на Меси и лошата реакција на голманот, и Диего …

Continue Reading

(Видео) Галено со евро-гол му пресуди на Арсенал, Лева и Осимен за реми во Неапол

Првиот дел од осминафиналната фаза во Лигата на шампионите заврши вечерва со натпреварите во Порто и Неапол. Порто стекна минимална предност пред реваншот протв Арсенал, додека првиот натпревар меѓу Наполи и Барселона заврши без победник. На „Драгао“ во Порто, домашниот тим и Арсенал одиграа динамичен натпревар. Порто без респект му се спротивстави на Арсенал, и за таквата определба беше награден …

Continue Reading

(Видео) Ливерпул за полувреме го прегази Лутон

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Лутон со 4:1 (0:1) во натпреварот од 26. коло на Премиер лигата и останаа на врвот на табелата пред преостанатите натпревари од оваа рунда. Тимот на Јирген Клоп повторно има четири бода повеќе од Манчестер сити. „Црвените“ порано го одиграа натпреварот од ова коло поради финалето на Лига купот што ги очекува в недела против …

Continue Reading