Кавани ја заврши репрезентативната кариера

669230031-97286.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Легендарниот уругвајски напаѓач Единсон Кавани, кој настапува за Бока Јуниорс, во четврток објави дека се повлекува од националнит тим.

Победникот на Копа Америка од 2011 година, Кавани (37), е втор играч со најмногу настапи во Уругвај (136) и втор стрелец (58) зад Луис Суарез, откако го имаше своето деби на пријателскиот натпревар со Колумбија во февруари 2008 година.

„Тоа беа несомнено многу драгоцени години, би имал илјада работи да кажам, да раскажам и да се сетам, но денес сакам да се посветам на оваа нова фаза од мојата кариера и да го дадам најдоброто од себе таму каде што треба да бидам“, напиша Кавани на Инстаграм.

На клупско ниво, Кавани освои шест титули во Лига 1 и пет Купови на Франција со Пари Сент Жермен помеѓу 2014 и 2020 година. Тој постигна 200 гола во сите натпреварувања за клубот од Париз.

Тој ова лето дојде во Бока откако се раздели со Валенсија. Така Кавани по 16 години се врати во Јужна Америка, откако во 2007 година го напушти уругвајскиот клуб Данубио, а потоа импресионираше како играч на Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер јунајтед. Во својата блескава кариера Кавани постигна повеќе од 400 гола и беше најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ се додека рекордот не го собори Килијан Мбапе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK