Монца би можела да испадне од календарот на Формула 1
Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали (58), призна дека иднината на Монца како домаќин на Италијанското ГП е неизвесна освен ако организаторите на трката и сопствениците на патеката не направат некои значителни подобрувања. „Храмот на брзината“ е домаќин на Формула 1 од 1950 година, а Монца го држи и рекордот по бројот на одржани трки на една патека (72). …
Continue Reading
Дрита Ислами и Дарио Ивановски избрани за најуспешни атлетичари за оваа година
Во свечен спортски амбиент и во присуство на еминентни спортски личности се одржа прогласувањето за најуспешните атлетичари , атлетски клубови , афириматори , рекордери и освојувачи на медали во атлетиката за изминатата 2023 година. Дрита Ислами и Дарио Ивановски беа прогласени за најдобри спортисти за 2023, а традиционално беа наградени и најдобрите атлетичари во младите категории. За најуспешен клуб беше …
Continue Reading
Волф: Доминацијата на Макс не влијае на популарноста на Формула 1
Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, истакнува дека целосната доминација на Макс Ферстапен во последните две години никако не влијае на популарноста на Формула 1. Шефот на Мерцедес своите зборови ги поткрепи со бројки. „Се е јасно. Имаме сè поголем број следбеници на социјалните мрежи, сите трки се полни и распродадени. Заклучокот е дека Формула 1 е спектакл и луѓето …
Continue Reading
Јордан Тасевски по втор пат избран за Претседател на МССФ
-
Новинар
-
December 19, 2023
-
Останати спортови, Спорт
-
0 Comments
Изминатиот викенд на ден 16.12.2023 година во Хотел Континентал – Скопје се одржа редовно годишно и изборно собрание на Македонската Спортска Стрелачка Федерација. На ова годишно собрание пред делегатите се даде оттчет за финансиското работење на МССФ во текот на 2021 и 2022 година, извештај од надзорниот одбор на МССФ како и Извештај од Претседателот на МССФ Јордан Тасевски. Во …
Continue Reading
(Видео) Парис ја растури конкуренцијата во Вал Гардена
Италијанецот Доминик Парис (34) е победник на спустот во Вал Гардена во рамките на Светскиот куп. Тој беше единствениот кој патеката ја мина за помалку од две минути, зво целта имаше време од 1:59,84 минути. На домашен терен во Вал Гардена, Парисја забележа 22. победа во кариерата, а 18. во спуст во Светскиот куп. Второто место го зазеде Александар Омот …
Continue Reading
Погледнете како јутјубер нокаутираше професионален боксер
Џејк Пол, инфлуенсер и неодамна боксер, го постигна првиот голем успех во својата борбена кариера. За прв пат победи професионален боксер. Неговото име е Андре Аугуст, има 35 години и има учинок од десет победи и еден пораз во кариерата. Пол го победи Аугусто со нокаут во првата рунда. Oh my god!! Jake Paul with the uppercut KO! pic.twitter.com/ZkMo31dl5s — …
Continue Reading
Дечкото на фотографијата му се претставил на Тајсон како репортер, но вистината била страшна
Еден од најдобрите боксери во тешка категорија на сите времиња, Мајк Тајсон имаше шарена кариера, но еден момент во неа е малку познат на јавноста. Тајсон еднаш се фотографираше со серискиот убиец Дејл Хаусерн. Ова е приказна која Тајсон ја дознал само неколку дена подоцна, кога полицијата упаднала во неговата теретана. „Полицаецот сакаше да разговара со мене, па излегов од …
Continue Reading
Првиот супер-џи во сезоната му припадна на Кирхмајр
Победник на трката во супер-џи што се одржа во петокот во рамките на Светскиот куп во Вал Гардена, Италија, е Австриецот Винсент Крихмајр. Крихмајр победи со време 1:28.39 минути. Овој резултат беше за само 0.02 секунди подобар од оној на сонародникот на Кирхмајр, Даниел Хеметсбергер. На третото скалило на подиумот се најде швајцарскиот скијач Марко Одермат, кој пред неколку дена …
Continue Reading
„Тoj веќе не е Михаел Шумахер што го знаеме од Ф1“
Поранешниот директор на Ферари, Жан Тод изјави дека неговиот пријател Михаел Шумахер повеќе не е Михаел Шумахер што го знаеме од Формула 1. Седумкратниот светски шампион и еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, Михаел Шумахер, доживеа тешка повреда на главата на скијање на 29 декември 2013 година. Шест месеци беше во индуцирана кома, од која беше разбуден …
Continue Reading