Почина еден од најдобрите во историјата на бејзболот
Познатиот бејзбол играч Вили Мејс почина на 94-годишна возраст. Станува збор за човек кој е веднаш зад легендарниот Бејб Рут во речиси сите статистички параметри. Кариерата на Мејс во МЛБ започна во 1951 година со Њу Јорк Џајантс, франшиза која се пресели во Сан Франциско седум години подоцна, и помина речиси две децении во градот, во сојузната држава Калифорнија. Последните …
Continue Reading
Мерцедес нема да го ангажира Карлос Саинц Јуниор
Првиот човек на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф изјави дека ги цени квалитетите на возачот на Ферари, Карлос Саинц Јуниор, но дека Шпанецот најверојатно нема да биде зад воланот на „Сребрените стрели“ следната сезона. Саинц Јуниор и Ферари се разделуваат затоа што италијанскиот тим за наредната сезона го ангажираше асот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Таткото на Саинц, …
Continue Reading
По официјалниот допис на ИССФ до МССФ и МОК и Анастасија Мојсовска – Учесник на Олимписките игри ПАРИЗ 2024!
По официјалниот допис од страна на ИССФ до МССФ на ден 14.06.2024 година можеме да кажеме и да се радуваме дека Македонија доби уште еден учесник на Летните Олимписки игри во Париз 2024. Тоа е Анастасија Мојсовска од спортско стрелаштво која ќе настапи во дисциплината 10 метри воздушна пушка жени 60 истрели додека натпреварот според програмата на Олимписките игри ќе …
Continue Reading
Фјури од кафеана во теретана
Тајсон Фјури го доживеа првиот пораз во кариерата на 18 мај во Саудиска Арабија од Олександр Усик во борбата за апсолутен светски шампион во тешка категорија. Речиси еден месец подоцна, „Кралот на циганите“ им се врати на тренинзите и веќе ги започна подготовките за реваншот кој треба да се одржи на 21 декември во Саудиска Арабија. Откако се врати во …
Continue Reading
Вињалес и Бастијанини во Тех3
Двајца шампиони во пониските категории, Енеа Бастианини и Маверик Вињалес, од наредната сезона ќе возат за тимот на Тех3, официјално потврдија КТМ и францускиот тим. Во моментот кога Марк Маркез се договори со Дукати, беше јасно дека Бастијанини ќе се пресели во Тех3, додека Вињалес беше предмет на шпекулации уште од трката во Муџело, кога откри дека нема договор со …
Continue Reading
Титмус постави нов светски рекорд на 200 метри слободно
Австралиската пливачка Аријарне Титмус денеска постави нов светски рекорд во трката на 200 метри слободно, на националните олимписки квалификации во Бризбејн. Титмус во финалето постигна резултат од 1:52,23 минути и го собори рекордот на нејзината сонародничка Моли О’Калахан од 1:52,85, од минатогодишното Светско првенство. О’Калахан заврши на второто место на денешната трка со време од 1:52.48. „Светскиот рекорд е само …
Continue Reading
Тешка повреда на олимписката шампионка во спринт
Елејн Томпсон Хера, петкратна олимписка шампионка во спринт, ја повреди Ахиловата тетива на митингот во Њујорк. Сеуште не е позната тежината на повредата, но постои можност брилијантната атлетичарка од Јамајка да ги пропушти Олимписките игри во Париз. Во Њујорк, таа истрча скромни 11,49 минути, беше деветта и на крајот беше изнесена од теренот на носилки. Томпсон беше олимписка шампионка на …
Continue Reading
Супер трка во Канада – Ферстапен победи пред Норис и Расел
Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Канада. Трката на патеката „Жил Вилнев“ ја обележа променливото време, возилото за безбедност кое два пати излезе на патеката, неколкуте промени на челната позиција и катастрофалното издание на Ферари, чии возачи Шарл Леклер и Карлос Саинц не ја завршија трката. Ферстапен до победата дојде пред Ландо Норис од Мекларен и Џорџ …
Continue Reading
Ивановски на ЕП постави нов државен рекорд во полумаратон
Македонскиот атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски постави нов национален рекорд во полумаратон на Европското првенство кое се одржува во италијанската престолнина, Рим. Полумаратонот во Рим, Ивановски го заврши со време од 1:04.01 часа, што е за 44 секунди подбро од неговиот претходен рекорд. Траката, Ивановски ја заврши на 29. место во конкуренција на 64 натпреварувачи. Златниот медал, со нов …
Continue Reading