Вињалес и Бастијанини во Тех3

Austin_MotoGP_Motorcycle_Racing_80478.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајца шампиони во пониските категории, Енеа Бастианини и Маверик Вињалес, од наредната сезона ќе возат за тимот на Тех3, официјално потврдија КТМ и францускиот тим.

Во моментот кога Марк Маркез се договори со Дукати, беше јасно дека Бастијанини ќе се пресели во Тех3, додека Вињалес беше предмет на шпекулации уште од трката во Муџело, кога откри дека нема договор со Априлија за следната сезона.

КТМ откако ги потврди Бастианини и Вињалес за следната сезона, објави дека Тех3 нема да биде брендиран како Гас Гас од 2025 година, туку ќе го носи името Ред Бул КТМ Тех3.

КТМ со трансферите на Бастијанини и Вињалес го реализираше најавениот план, според кој тимот ќе има четворица фабрички возачи. Прашање е само кој ќе биде вториот возач на КТМ, бидејќи вее се знае дека Педро Акоста од Гас Гас, наредната сезона ќе вози во боите на КТМ.

Исто така, јасно е дека Џек Милер и Аугусто Фернандез останаа без своите места, а прашање е дали ќе најдат место во некој друг тим.

Мото ГП шампионатот моментално е на првата летна пауза, која трае до Големата награда на Холандија, која е закажана за 28-30 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK