МЗТ Скопје прв финалист во кошаркарското првенство

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ќе има можност да го брани трофејот во македонското кошарларско првенство, откако вечерва по втор пат го совлада Работнички во полуфиналето на плејофот. Аеродромци до своето 17-то финале додјде по 73:62 вечерва во СРЦ „Кале“ во Скопје и по вкупни 2:0 во полуфиналето. Најефикасни во победничката екипа беа Војдан Стојановски и Кук со по 18 …

Continue Reading

Кер: Ја немавме довербата во тимот како порано, инцидентот со Грин и Пул одигра улога во овa

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја знае причината за неуспешниот настап во сезоната 2022/23. Според Кер, тимот ја немал вообичаената атмосфера на доверба. – Секогаш кога се губи довербата, тоа го отежнува процесот. Сезонава така се случи да се изгуби дел од довербата. Зборувам директно колку што можам. Треба да се вратиме на она што не направи успешни, односно …

Continue Reading

Денвер со победа ја започна серијата со Лејкерси во конференциското финале

Денвер нагетс ноќеска ги совлада Лос Анџелес лејкерс во првиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА со 132:126. Најдобар играч во победничката екипа беше Никола Јокиќ кој стигна до трипл-дабл, 34 поени, 21 скок и 14 асистенции. Во поразениот тим се истакна Ентони Дејвис со 40 поени и 10 скока. Вториот натпревар во серијата ќе се одигра на …

Continue Reading

Димитријевиќ МВП на плејофот во ВТБ-лигата

Македонскиот кошаркар и играч на УНИКС Казан, Ненад Димитријевиќ, ја доби наградата МВП (најкорисен играч) на плејофот на ВТБ-лигата за сезона 2022/23. Вчера УНИКС Казан го совлада Локомотив-Кубан Краснодар во петтиот меч од финалната плејоф серија (98:89, 4-1) и стана победник на ВТБ Јунајтед лигата за прв пат во клупската историја. Македонскиот репрезентативец постави личен рекорд со 34 поени. Димитријевиќ …

Continue Reading

Објавена најдобрата петорка во Евролигата

Двајца играчи на Реал Мадрид и по еден од Партизан, Макаби и Олимпијакос се најдоа во најдобрата петорка за оваа сезона во кошаркарската Евролига, во изборот на тренерите и капитените, како и спортските новинари и навивачите. Во идеалната петорка се најдоа Валтер Таварес и Џанан Муса од мадридски Реал, Матијас Лесор од белградски Партизан, Александар Везенков од атински Олимпијакос, како …

Continue Reading

Бостон ја доби мајсторката со Филаделфија и избори финале во Источната конференција на НБА

Бостон синоќа ја совлада Филаделфија во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција на НБА плејофот со 112:88. Џејсон Тејтум беше најефикасен играч на средбата со 51 поен. Тој го собори рекордот на чуварот Стеф Кари од Голден Стејт, кој на 1 мај во мечот против Сакраменто (120:100) стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 50 поени во …

Continue Reading

Втора шампионска титула за кошаркарките на Баскет Кам

Екипата на Баскет Кам по втор пат во историјата на македонското кошаркарско првенство стигнаа до шампионскиот трофеј. Вечерва во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, тимот предводен од тренерот Златко Гоцевски славеше со 68:59 и со чисти 3-0 го симна Бадал од тронот. Првиот трофеј кошаркарките од Македонска Каменица го освоија во 2021 година. Најзаслужна за победата …

Continue Reading

Швед: Ме опколија, ме удираа по нозете, по главата, повеќе не се сеќавам

Кошаркарот на ЦСКА, Алексеј Швед, проговори за нападот во центарот на Москва, како резултат на кој се здоби со повреда на главата со скршеници на коските на черепот и контузија на мозокот. – Бев отпуштен од болница пред само неколку дена. Се чувствувам многу подобро. Децата и сопругата се среќни, па закрепнувањето оди добро. Сè се случи вака: момците се …

Continue Reading

Буденхолцер и Нурс се меѓу кандидатите за тренерската позиција во Феникс

Мајк Буденхолцер и Ник Нурс се меѓу кандидатите кои Феникс ги разгледуваат како опција за испразнетото тренерско место, објави инсајдерот на „Bleacher Report“, Крис Хејнс. На списокот се наоѓа и Кевин Јанг, поранешен помошник на Монти Вилијамс, кој вчера  беше отпуштен од функцијата главен тренер на Санс. Буденхолцер и Нурс претходно беа отпуштени од Милвоки бакс, односно Торонто репторс. Нурс …

Continue Reading