Кер: Ја немавме довербата во тимот како порано, инцидентот со Грин и Пул одигра улога во овa

ker
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја знае причината за неуспешниот настап во сезоната 2022/23.







Според Кер, тимот ја немал вообичаената атмосфера на доверба.

– Секогаш кога се губи довербата, тоа го отежнува процесот. Сезонава така се случи да се изгуби дел од довербата. Зборувам директно колку што можам. Треба да се вратиме на она што не направи успешни, односно на атмосферата на доверба во тимот, каде што сите се потпираат еден на друг и се прават подобри.

Од тоа нема криење – улога во ова одигра инцидентот со Дрејмонд и Џордан на почетокот на годината. Ова не може, а да не влијае на тимот, изјави Кер.

Голден Стејт вориорс испадна од Лос Анџелес лејкерс во четвртфиналето на плејофот во НБА-лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK