Заев: Најостро и категорично ги отфрлам лагите и клеветењата од Мицкоски за наводни „куферчиња со пари од поранешен премиер од Бугарија“
„Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава. Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја …
Continue Reading
„Венко Филипче, кој е еден од ретките што комуницира со Груби, 45 илјади евра троши за само 5 дена пловење со јахтата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС и Венко Филипче заглавени во безидејност и очај, исплашени од историски најдлабокиот изборен пораз кој им претстои, изборната кампања, наместо натпревар на идеи, ја претворија во арена за напад. Филипче и СДС немаат што да им понудат на македонските граѓани, немаат никаква програма, идеи или проекти, ниту пак имаат со што да се пофалат за времето на нивно владеење, …
Continue Reading
СДСМ: Целосен дебакл со откупот на пиперката, ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците на цедило
„Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари“, соопшти СДСМ. „Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, …
Continue Reading
Мицкоски: Струмица е град на гуруто на Филипче, но времињата се менуваат, народот ќе победи, Струмица ќе победи
20 години Струмица чекаше на промени кои, еве, ви велам дека ќе се случат. Кога ве гледам во овој голем број, знам дека тука ќе победиме. А ќе победиме затоа што Струмица крева глава, се ослободува од стегите кои две децении ја заробија во она што се вика фамилија која го запоседна градот. Ја заробија во еден затворен круг на …
Continue Reading
Рунтевски: Докажавме како вистински се води еден град, продолжуваме да ја грдиме иднината на Берово
Кандидатот за Градоначалник на општина Берово од СДСМ, Илија Рунтевски, пред граѓаните испрати пораки за заедништво, континуитет и развој, истакнувајќи ја иднината на Берово како заедничка цел која ќе се гради со работа и љубов кон градот и неговите луѓе. „Иднината на нашето убаво Берово е заедничка цел. Ќе ја градиме заедно, чекор по чекор, со посветеност,“ рече Рунтевски. Тој …
Continue Reading
Филипче: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места
„Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ работи за олигарсите, граѓаните за нив се само бројка во избирачкиот список“, оваа порака ја упати вечерва Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина пред граѓаните во Берово. Тој истакна дека „тоа е заклучок од нивната арогантност и незаинтересираност за потребите на граѓаните“. „Нема никаква нова мерка за земјоделците, ги укинаа мерките на СДСМ што …
Continue Reading
Мицкоски: Завршува времето кога источниот сосед и неговиот премиер финансираше македонски политичари, за да овие му даваат подароци во форма на национални отстапки врз грбот на македонскиот народ
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Радовиш, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Мицкоски зборуваше на темата за состојбата со правосудниот систем во земјата. Според него, правосудството е слуга на политичките елити од минатата власт и истите остануваат неказнети, …
Continue Reading
Почивалец: Нов модерен плоштад и ослободување од надоместок за уредување на градежно земјиште за младите брачни парови до 30 години
Љупчо Почивалец кандидат за градоначалник за општина Радовиш од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати кон присутните и истакна дека во програмата има реални и изводливи проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните во …
Continue Reading
Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори
„Локалните избори се момент на важна одлука за секоја општина, но и за Македонија. Или ќе ја браниме куќата што ја градиме, или ќе гледаме како ја рушат, цигла по цигла. Знам дека граѓаните се разочарани, но сега е време за мобилизација, не за апстиненција. Апстиненцијата е награда за ВМРО-ДПМНЕ. Повикувам на мобизација. Ајде заедно да ја одбраниме куќата што …
Continue Reading