Владата го усвои ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност

На денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите. „Работната група, составена од претставници на различни институции, која беше одговорна и за ревидија на Акциониот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), од септември интензивно работеше на ажурирање на актуелниот план, со …

Continue Reading

Велковски: Насилството врз жената и семејното насилство не е приватна работа, тоа е општествен, културолошки и системски проблем

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, присуствуваше на настан организиран по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство насловен „Од пријавување на насилство до спречување на фемицид – системски одговор“ од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во земјава. Во своето обраќање Велковски се осврна на важноста на темата …

Continue Reading

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните избори во октомври не беа избрани градоначалници поради недоволната излезност. „Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Судии и обвинители како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра

Судиите и обвинителите како Наќе Ѓорѓиев и Иџет Мемети кои земаат мито и влијаат врз судски пресуди, бараат плати и до 6.000 евра со само 2% доверба. Македонската јавност заслужува да знае кој се овие поединци од судската и обвинителската фела, кои се имплицирани во вакви судски пресуди со своите влијанија, а од друга страна со 2% доверба сакаат зголемување …

Continue Reading

(Видео) Радеска: Породилното доцни и по 30 дена

Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон. Породилниот надомест доцни по 20 дена, а има мајки кои чекаат и повеќе од 30 дена. И замислете, Фондот ова го признава и вели дека тоа било во ред. Понижувачки и нечовечки е да се дозволи мајките да се јавуваат и да молат …

Continue Reading

(Видео) Исмаил: Наместо во оружје, да инвестираме во градинки – власта го одби амандманот на Левица

Во рамки на амандманската расправа за Буџетот за 2026 година, во собраниската Комисија за финасирање и буџет, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, побара голем дел од 100 милиони евра планирани за купување на оружје да се пренасочат кон проширување на капацитетите, како просторни така и кадровски, за згрижување деца од предучилишна возраст. „Состојбата е ужасна. Проценките се дека 4000 деца …

Continue Reading

Лукаревска: Не се знае колку ќе трае супсензијата на ИПАРД, а во буџетот се кратат 185 милиони денари за земјоделците

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет, ги повика пратениците да го преиспитаат намалувањето на средствата во програмата за рурален развој за скоро половина и да го прифатат предложениот амандман на СДСМ износот да остане ист како во 2025 година. Годишната стапка во буџетот беше …

Continue Reading

Николовски: Програмата за рурален развој е преполовена, субвенции не се исплаќаат, суспендирани се 130 милиони евра од ИПАРД

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во рамките на амандманската расправа за буџетот за 2026 година во собраниската комисија за финансирање и буџет посочи на хаосот во земјоделството со кратење и суспендирање на програми. -Имаме суспендирана програма од 130 милиони евра и сосема неодговорен пристап на орган надлежен за управување со ИПАРД. Гледаме дека министерот бега и се крие и ги …

Continue Reading

Николовски: Не се исплатени субвенциите за овци, ниту за млекото, владата ги остави земјоделците на цедило

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на Комисијата за финансирање и буџет, упати остри критики кон Владата поради целосно занемарување на земјоделците и неприменување на обврските кои државата ги има кон нив. Особено по предложениот амандман на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците, кој беше одбиен. Николовски потенцираше дека состојбата во земјоделието е катастрофално лоша, не се исплатени субвенциите, скратени се …

Continue Reading