Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се соочуваат со лоши услови за живот, вклучително недостаток на топла вода, несоодветна храна и нехигиенски услови.
Тој ја обвини власта за, како што рече, злоупотреба на јавни средства преку тендери и партиски вработувања, додека младите живеат во лоши услови.
„Наместо европски студентски стандард, модерни кампуси и услови какви што имаат младите во Европа, македонските студенти добиваат мувла, студени соби, мувла и распаднати тоалети“, рече тој.
Огњеновиќ порача дека младите во земјата заслужуваат подобри стандарди и услови блиски до европските.