ДПМНЕ со тенденција инфлацијата да ја претвори во нов данок на сиромаштијата, велат од Левицата

Во услови кога државата се соочува со највисокиот просечен раст на трошоците на живот во последните години, Владата предводена од коалицијата ВМРО – ДПМНЕ – ЗНАМ – ВРЕДИ продолжува да тврди дека „инфлацијата е под контрола“, истакнуваат од Левицата. „Меѓутоа, официјалните податоци и реалноста на секојдневниот живот на граѓаните го демонстрираат спротивното. Само во октомври, споредено со истиот месец лани, …

Continue Reading

(Видео) Манасиевски: Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица е потврда за криминалот вреден 800.000 евра

Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 …

Continue Reading

СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување

На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев. Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во …

Continue Reading

(Видео) Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје – Струга – Охрид, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на „Фејсбук“. Тој сподели и видео-материјал од теренот, наведувајќи дека досега се пробиени 17 километри од трасата, со што се заобиколува популарната планинска делница „Стража“. Во објавата …

Continue Reading

Наместо да се оградат, СДС го продава Филипче како ново лице на опозицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС може да зборува за реформи и европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична легенда, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на обвинувањата од СДСМ. „Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната …

Continue Reading

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за тендерите од 9 милиони евра

Помина цел ден, а Владата на Мицкоски како да зенемела за скандалот што го објавивме, нема одговор на ниту едно прашање што го поставивме. Криминалната Владата молчи за тендерите од 9 милиони евра за фирма со двајца вработени формирана минатата година, обвини СДСМ. „Па зарем немаат што да им кажат на граѓаните? Или им ги фативме криминалните шеми на кој …

Continue Reading

Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за поврзаност со фирмата која добила тендери вредни девет милиони евра

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за негова поврзаност со фирмата која добила тендери во вредност од девет милиони евра. Тој во објава на Фејсбук напиша дека не е во роднинска врска и не ги познава сопствениците на фирмата „Дигитал оне“, која беше спомената на прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. „За …

Continue Reading

Преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари, обвини СДСМ

Преку криминални шеми и тендери власта испумпува милиони евра народни пари, обвинуваат од СДСМ. На денешната прес-конференција, генераниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ обвини дека милионски тендери се доделуваат на фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата ’Дигитал оне’, формирана на крај на август лани, со само двајца работници за една година има добиено тендери од скоро 9 милиони евра, народни пари. И сите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ мора да расчисти со Филипче ако сака да се реформира

ВМРО-ДПМНЕ реагира дека серијата случаи што се отвораат деновиве ги разобличуваат, како што велат, скандалите од времето кога СДСМ била на власт и претставуваат доказ за структурен хаос, распаднати институции и недостиг од одговорност. Во соопштението партијата посочува дека случајот со стоковите резерви е уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале „како импровизирани конструкции без механизми за …

Continue Reading