Мециновиќ: Левица ќе поднесе предлог-закон за ставање крај на кризата со коцкање


amar-mecinovic-pres1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција најави дека политичката партија Левица ќе поднесе предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа. Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот, се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас до пет километри од границата или во категоризирани хотели со пет ѕвезди.


Според Мециновиќ, институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од секој вид на приватен профит.

„Денес дојде ден да се зборува за коцкањето во Република Македонија, затоа што предолго се случува како еден феномен кој има дегенеративна основа, а во Собранието веќе долго време не се зборува затоа што политичарите и властите тоа одбиваат да го направат. Прашањето е дали ќе дозволиме цели населби да бидат преплавени со индустрија која заработува од надежта, стравот и економската несигурност на граѓаните во време кога опаѓаат условите на живот“, рече Мециновиќ.

Тој дополни дека во овој момент се отвора можност да се покаже дека Република Македонија е држава која знае да ги заштити своите луѓе, што не е случајот веќе долго време, според пратеникот. Тој оцени дека коцкарската индустрија профитира од економската несигурност и сиромаштијата на граѓаните.

Партијата бара и ограничување на рекламирањето на коцкањето со цел, како што велат, да се спречи неговата „агресивна нормализација“ во јавниот простор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK