Николоски: Вложуваме во модерни автопати да ја подигнеме безбедноста и да ги намалиме сообраќајните незгоди
Инвестираме огромни средства во изградба на модерни и безбедни автопати преку кои го подигнуваме нивото на безбедност во сообраќајот. Интензивно работиме на автопатите на коридор 8 и на коридор 10 д, а очекувам овој месец да избереме изведувач и за изградба на автопатот Кичево -Букојчани, изјави вицепремиерот Александар Николоски. Тој потенцира дека е потребна координирана акција со МВР и другите …
Continue Reading
(Видео) Манасиевски: Заев му отпишал жито за 800.000 евра, а Николовски му вратил со грант од 1.4 милиони евра
По аминувањето од страна на Заев и Филипче на владина седница за кусокот 2.000 тони жито вреден 800.000 евра, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа на својот ментор со грант од 1,4 милиони евра, средства од ИПАРД програмата, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Компанијата „Тргопродукт’’, која е една од најпознатите фирми во сопственост на Заеви, во …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски за „Сејф сити“: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Сејф сити“ којшто започна официјално денеска со пробниот период, изјави: „Апсолутно ја поддржувам применета на „Безбеден град“ проектот и поддржувам негово проширување на целата територија на земјата. Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски говори изминативе 7 години про-руското влијание било зголемено во Македонија, тие години СДС и ДУИ беа на власт
„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ. Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото …
Continue Reading
СДС да каже каде завршиле 800.000 евра, скроиле 2 нови тендери за 20.000 тони јачмен и пченица како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис …
Continue Reading
Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните, велат од СДСМ
„За само 12 часа од поставувањето на камерите од системот во Скопје се покажало дека има над 1.000 возила кои биле нерегистрирани. Тоа покажува колку е паднат стандардот на граѓаните со Мицкоски и ДПМНЕ. Народот нема пари ниту за регистрација на автомобилите“, велат од СДСМ. „И тоа зборуваме за паднат стандард во Скопје, во главниот град, колку е само полоша …
Continue Reading
ДПМНЕ да ги гледа своите редови, со новите бомби ќе има што да се чисти, порачуваат од СДСМ
Криминалната ВМРО–ДПМНЕ нека погледне најпрво во своите редови, таму има многу за чистење од криминалци, особено по новите бомби кои допрва ќе бидат објавувани, порачуваат од СДСМ. „СДСМ еднаш веќе помогна да се исчиститат криминалците од режимското време во ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е подготвена повторно да направи такво чистење. Главниот криминалец кој украде над 2 милијарди евра, Никола Груевски, побегна …
Continue Reading
Скандалот со 9 милиони евра e само капка во криминалниот океан на Мицкоски и ДПМНЕ, велат од СДСМ
Скандалот со доделените тендери од 9 милиони евра на фирма основана пред една година, со двајца вработени е само капка во криминалниот океан што го создадоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. „Криминалната власт има изградено систем во кој парите на граѓаните системски се крадат, преку наместени тендери на фирми блиски до власта. Тоа е моделот на Груевски кој јавноста …
Continue Reading
Филипче – Костреш: продлабочување на соработката меѓу двете партии и во регионот
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска оствари средба со Бојан Костреш, претседател на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Република Србија. На состанокот се разговараше за продлабочување на односите и зајакнување на соработката меѓу двете партии, но и за проширување на регионалната соработка со социјал-демократските и прогресивните политички субјекти. „Двете партии ја истакнаа заедничката посветеност на три клучни приоритети: интеграцијата на …
Continue Reading