(Видео) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии

СДС продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту едно ветување, сега кога студентите имаат партнер во Владата, манипулираат дека стипендиите се намалени, оценува Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто, вели тој, нема, стипендиите не се намалени со Законот за студентскиот стандард, бројот на …

Continue Reading

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, пред почетокот на претставувањето на кандидатите информираше дека седум од вкупно десет пријавени кандидати ги исполнуваат законските услови предвидени …

Continue Reading

ДУИ: Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит е обид за саботирање на Законот за употреба на јазиците

Изјавата на ВМРО- ДПМНЕ дека Владата бара „законско решение“ за полагањето на правосудниот испит, кое наводно ќе било во согласност со Уставот и препораките на Венецијанската комисија, претставува уште еден обид за заобиколување и саботирање на Законот за употреба на јазиците, оценуваат во ДУИ. Проблемот, како што велат, не е во недостаток на законско решение. Според ДУИ, решението веќе постои …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Мицкоски да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и да ги почне преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека наместо креирање поделби и отворање вештачки теми, Мицкоски треба да одговори зошто не ги става Бугарите и другите малцинства во Уставот и зошто не ги продолжува преговорите со Европската Унија. „Зошто не ги става Бугарите во Уставот и другите малцинства и да ги почне преговорите со Европска Унија? …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Каков блам, следно е Филипче да држи прес за колекционерство на салфетки и за нумизматика

Тешка срамота е во што се претвори некогаш важната СДС. Од партија што барем глумеше сериозност, денес остана политичка група што држи прес-конференции како да е комбинација од театар на апсурд и ефтина претстава, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Порелевантни се информациите за временска прогноза отколку пресовите на лидерот на СДС. Следно е …

Continue Reading

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко …

Continue Reading

ВМРО слави туѓи победи, слават Ден на Европа, а се против ЕУ, велат од СДСМ

Според СДСМ, ВМРО-OКГ, како што велат, продолжува со своето тотално лицемерие. „Слават Ден на Европа, а се против ЕУ. Прават антиевропска кампања, а слават Ден на Европа. Работат за руски интереси, а слават ЕУ која воведе санкции против Русија. Слават НАТО, а беа против Преспанскиот договор и влезот во НАТО. Правеа се да не влеземе во Алијансата, а сега велат …

Continue Reading

Нема да дозволиме зад студентските иницијативи да се кријат компромитирани политичари и структури кои се болни за власт, велат од „Вреди“

„Вреди“ на дело докажува дека политиката ја разбира единствено како обврска за носење решенија, а не како платформа за празни зборови и бескрајни ветувања. Нашата мисија е јасна, институционално да ги исправиме неправдите кои со децении беа наталожувани како последица на половични решенија и политички пазарења од минатото, истакнуваат од оваа партија. „Студентите и младите генерации се нашето најголемо богатство …

Continue Reading