СДСМ: Мицкоски за две години ја задолжи Македонија со 2,3 милијарди евра

ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца, велат од СДСМ. „Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на …

Continue Reading

Мицкоски не откри дали Фетаи доаѓа на работа: „Следната недела ќе се сретнеме и многу работи ќе бидат појасни“

Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека следната недела ќе има средба со вицепремиерот, Арбен Фетаи, за кој многу медиуми пишуваат дека не се појавува на работа. Мицкоски не одговори дали Фетаи доаѓа на работа и зема плата, но потврди дека тој уште е вработен во Владата. „Вицепремиерот Арбен Фетаи и јас следната недела ќе имаме состанок. После тој состанок многу работи …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ, Фатмир Бесими во одбрана на Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’

Советот на јавни обвинители предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот функционер на ДУИ и поранешен министер за финансии, Фатмир Бесими, се стави во одбрана на обвинителите Абази и Коларевиќ за случајот „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. „Советот на јавни обвинители не смогна сили да излезе од политичкото мочуриште со кое владее ДУИ, односно …

Continue Reading

Левица: Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони

Новото задолжување од 260 милиони евра кое Владата на Христијан Мицкоски се обидува да го претстави како „финансиски успех“, всушност е уште еден доказ дека државната каса е испразнета од расипничко, нетранспарентно и неодговорно работење, обвинија од Левица. Од партијата велат дека „додека министерката за финансии зборува за доверба на меѓународните пазари, граѓаните треба да знаат дека ова не е …

Continue Reading

СДСМ: ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг за поддршка на Вучиќ

ВМРО организира граѓани на Македонија за митинг во поддршка на Вучиќ што претставува срамно мешање во внатрешните работи на друга држава, велат од СДСМ. „Како што месеци наназад предупредувавме дека Вучиќ управува со Македонија, сега ВМРО директно организира граѓани на Македонија за контра-митинг во Белград во поддршка на Александар Вучиќ. На плакатот што го шират низ Македонија јасно се гледа: собирање …

Continue Reading

(Видео) „Целосна негрижа и запоставени спортски игралишта, до толку ли Аеродром нема пари“, прашуваат од СДСМ

„Од општина која некогаш беше пример за спортот и здравиот развој на младите, Аеродром денес е пример за негрижа и целосно запоставување на условите за спортување во општината. Негрижата на градоначалниците од ВМРО-ОКГ во Аеродром, која трае веќе со години, придонесе сликата денес за спортските игралишта да биде очајна“, кажа Марјан Јовановски од СДСМ. „Кошеви без обрачи, голови без стативи, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

Две недели по изјавата на бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарече „северномакедонци“, лидерот на СДСМ Венко Филипче продолжува да молчи, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата остро реагираат дека молкот на Филипче е „срам и директно понижување за македонскиот народ и државата“. „Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот …

Continue Reading

„Врв на лицемерие и лажење: Во Владата на Мицкоски со бугарски пасоши може, а малцинства во Уставот не може!“, велат од СДСМ

„Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група ВМРО – дека Владата на Мицкоски е полна со луѓе кои имаат бугарски пасоши. ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го прифатат предлог-законот на СДСМ со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства“, соопшти СДСМ. „Зошто го одбија? Затоа што …

Continue Reading

„Колку народни пари потрошил Фетаи додека не се појавувал на работа – Мицкоски да иницира одговорност за несовесно работење“, бара Левица

„Левица најостро реагира на скандалозното и неодговорно однесување на вицепремиерот Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работното место, не присуствува на владините седници, не одговара пред Собранието, а притоа продолжува да ја користи функцијата и бенефитите што ги плаќаат граѓаните на Македонија“, велат од партијата Левица. „Додека Владата на Мицкоски секојдневно им порачува на граѓаните дека „нема …

Continue Reading