Непречено снабдување со безбедна вода за погодените семејства во Гостивар и институционална одговорност бараат од ДУИ

Од Демократската унија за интеграција загрижени поради загадувањето на водата во Гостивар и сериозниот ризик што, како што велат, оваа состојба го претставува за здравјето на граѓаните. Како што потенцираат од оваа партија, безбедноста на водата за пиење е основно човеково право, а секој институционален пропуст во нејзиното гарантирање е неприфатлив. „Надлежните институции мора веднаш, одговорно и со целосна транспарентност …

Continue Reading

Левица: Пукна шемата на ЗНАМ во Пробиштип – кривична пријава за милионска злоупотреба

Пред една година Левица јавно укажа на сериозни сомнежи за злоупотреба на програмите за самовработување во Агенцијата за вработување во Пробиштип, раководен од Илија Петковски – Џани, воедно и претседател на локалната организација на ЗНАМ, велат од партијата Левица и нагласуваат дека власта сега  потврдила дека нивните предупредувања не се само политички обвинувања. „Тогаш објавените податоци разоткрија дека средствата наменети …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката за финансии во ниту еден момент не кажа дека нема средства за плати и пензии

ВМРО-ДПМНЕ одговори на тврдењата од СДСМ дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии. Преку соопштение за јавноста партијата уверува дека СДСМ шири паника и измислува непостоечки финансиски проблеми. „СДС повторно се обидува да создаде паника таму каде што нема проблем. За економијата не се зборува со измислици и политички конструкции, туку со факти и …

Continue Reading

(Видео) Арсова: Во финална фаза е законот за вработување лица со попреченост

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Арсова, денес направи пресек на с è она што Владата го презема за унапредување на системот за социјална заштита. Како најзначајна измена го наведе целосното реформирање на наследениот системски проблем во начинот на функционирање на системот за социјална заштита со воведување ново софтверско решение за интегрирано администрирање на паричните права, социјалните услуги и јавните овластувања. „Новиот …

Continue Reading

(Видео) Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите …

Continue Reading

(Видео) Филипче од Гостивар: Она што денес се случува тука е последица на неодговорното управување на власта

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета на Гостивар, од каде што порача дека во време кога институциите потфрлаат, СДСМ е меѓу граѓаните за да им помогне на оние на кои помошта сега им е најпотребна. Во изјавата за медиуми, Филипче нагласи дека она што денес се случува во Гостивар е последица на неодговорното управување на власта и …

Continue Reading

Јанчев: Гостиварската канализација го наплати данокот од 30 години партизација

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција во одговор за новинарско прашање во врска со катастрофата поврзана со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оцени дека ваков случај е недозволив во 21 век. „Функционалните канализациони и водоводни системи не се историски нов феномен. Постојат две и пол илјади години и во 2026 година да ни се случи ваква …

Continue Reading

СДСМ: Кочовска призна дека без ребаланс нема да има пари ни за плати ни за пензии

Владата на Мицкоски денеска преку министерката за финансии, Кочовска го претстави ребалансот на буџетот како „развоен“, а не како „кризен“. Меѓутоа, самата Кочовска призна дека ребалансот е потребен за да се обезбеди редовна исплата на плати, пензии и социјални надоместоци, велат од СДСМ. Со други зборови, додаваат од партијата, без овој ребаланс, државата наскоро нема да има пари ни за …

Continue Reading

(Видео) Штерјова: Орце е градоначалник за билборди наместо за решавање на проблемите на скопјани

Скопје денес е град во кој ништо не функционира, освен тендерите и личната промоција на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Ѓубрето не се собира, дивите депонии се преполни, јавниот превоз е во распад, а граѓаните секојдневно се соочуваат со хаос, изјави Кети Штерјова од СДСМ. Наместо решенија за овие проблеми, вели таа, скопјани добија билборд со коњ со пет нозе, „Камен мост“ …

Continue Reading