(Видео) Филипче: Четири земји напредуваат кон ЕУ, Македонија стои во место
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи никаков напредок. Филипче посочи дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети, што се …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Младите масовно ја напуштаат Македонија, не сакаат да бидат дел од иднина што Латас и Мицкоски ја кројат за нив
Младите масовно ја напуштаат Македонија. Не сакаат да живеат во земја во која нема перспектива, систем, добра работа, во која немаат иднина. Не сакаат да бидат дел од иднина каква што Драган Павловиќ Латас и Мицкоски ја кројат за нив, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. „Латас, човекот кој со децении работи за странски служби, денеска слободно ја води …
Continue Reading
Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево, велат од СДСМ
Тимчо Муцунски вчера изјави дека Македонија им нуди на индиските компании „конкурентен влез во регионот и на европскиот пазар“. Прашањето е: како? Како ќе им понудиме излез на стоки кон европскиот пазар кога сме целосно изолирани? Како од слепо црево на Балканот да се стигне до европскиот пазар – освен преку шверц, како што видовме со петте тони дрога што …
Continue Reading
Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата, СДС, ДУИ и Таравари го штитат со молк, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека …
Continue Reading
Оставки од министерот за здравство, директорот на ИЈЗ, и од сите одговорни за труењето во Гостивар, бара СДСМ
ОЈО и Савевски ја ставија тајноста на истрагата над здравјето на граѓаните, реагираат од СДСМ. „Случајот со труењето во Гостивар разоткрива опасен и неприфатлив преседан: Обвинителството и надлежните институции ја ставија бирократската процедура и наводната „тајност на истрагата“ над уставното право на граѓаните на безбедна животна средина и здравје. Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни. Наместо веднаш да …
Continue Reading
Градот да обезбеди итна финансиска поддршка за граѓаните кои претрпеа штети од невремето, бара Левица
Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје ќе иницира свикување вонредна седница со единствена точка на дневен ред – формирање фонд за обештетување на граѓаните за штетите предизвикани од невремето на територијата на Град Скопје, соопштија од партијата. Невремето што го погоди Скопје предизвика значителни материјални штети врз домови, возила и друг имот на граѓаните. Во вакви околности, …
Continue Reading
Да не избрзуваме со обвинувања или етикетирања: за Алијансата за Албанците ситуацијата во Гостивар се стабилизира, порачуваат да се зачува смиреноста
Алијансата за Албанците оценува дека последните резултати од микробиолошките анализи на водата од четири мерни точки во Гостивар покажуваат дека ситуацијата се подобрува и е во процес на стабилизација. Ги повикуваат граѓаните и понатаму да се придржуваат до препораките на надлежните институции и информациите да ги добиваат од официјални извори. „Нивната загриженост е целосно разбирлива и оправдана, но во овој …
Continue Reading
Епидемиолошката состојба во Гостивар е резултат на партизацијата и јавашлукот на неспособните партиски кадри, велат од Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз смета дека е од исклучителна важност за надминување на состојбите со загадениот водовод во Гостивар со прогласување на кризна состојба во Гостивар. Очекуваaт координирани и ефектни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и нормализирање на водоснабдувањето, како и дополнителни мерки за спречување на ширење на инфекцијата преку консумирање на храна во рестораните и други објекти кои произведуваат …
Continue Reading
ДОМ: Идентификувањето на виновниците во Гостивар не смее да го амнестира системот кој ја дозволи катастрофата
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) посочува дека лоцирањето на конкретните сторители за загадувањето на водата во Гостивар е неопходен, но недоволен чекор. Овој скандал, додаваат од партијата, не смее да се затвори само со индивидуална одговорност, бидејќи вистинскиот виновник е целосно нефункционалниот систем. Според ДОМ, партизацијата, клиентелизмот и нестручноста во институциите создадоа околина во која јавното здравје е континуирано загрозено. …
Continue Reading