Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, а институциите спиеле
Наодите што ги објави Основното јавно обвинителство Гостивар ја соголуваат целата чудовишна димензија на катастрофата. Во системот за вода за пиење со пумпи била внесувана тешко загадена површинска вода од отворен канал, преплавена со фекални бактерии по налог на раководни лица од јавното претпријатие, велат од Левица. „Имало 48 пати повеќе фекални бактерии од максимум дозволеното. Во примерокот од каптираниот …
Continue Reading
ВЛЕН: Ќе има одговорност за состојбата во Гостивар, здравјето на граѓаните е над сѐ
ВЛЕН ја поздравува, како што велат, брзата реакција на надлежните институции и започнувањето на постапките за утврдување одговорност во врска со сериозната состојба во Гостивар. „Секој што, со дејствување или недејствување, придонел за овој скандал, мора да одговара пред правдата. Здравјето на илјадници граѓани на Гостивар беше загрозено како последица на негрижата и лошото владеење, а ова не смее да …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем
Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско …
Continue Reading
Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?, прашуваат од СДСМ
ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите. Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал, велат од СДСМ. Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, додаваат од партијата, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми. „Кога треба да се утврди …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации
Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое прашаа зошто се кријат резултатите од анализите за водата во Гостивар. „Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои …
Continue Reading
СДСМ: Зошто ли се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар?
Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар? „Кој уште верува во институции под контрола на Мицкоски? Гостивар мора да ја знае вистината. Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена …
Continue Reading
Обезбедувањето 50 илјади литри флаширана вода никако не е исцрпување на можностите на централната власт, велат од Левица
Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, велат од Левица. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, додаваат од партијата, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја …
Continue Reading
Митева: Нема да има селективност, ќе се санкционира секој кој има одговорност за случајот со водата во Гостивар
Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за здравство, …
Continue Reading
СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО
Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и …
Continue Reading