(Видео) Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност


brane-21-juli-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Има ли срам Валбон Лимани градоначалникот на Гостивар кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност за скандалот со водата, праша Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


„Кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари, Валбон Лимани вчера вели дека за скандалот со водата во кои директно беше погоден целиот град Гостивар, не чувствува никаква морална одговорност. Па со кое лице излегува пред неговите сограѓани и без срам и образ, вели дека тој не е одговорен за грешките на луѓето кои тој ги има назначено да ги водат општинските претпријатија? За разлика од Валбон Лимани, Љупчо Папазов, од Кочани по пожарот во Пулс веднаш поднесе оставка од функцијата градоначалник, и заедно со двајца негови претходници беше во притвор за приватен објект“, рече Петрушевски.

Тој постави и прашање зошто сега нема осуда и барање на одговорност од страна на СДС, ДУИ и Таравари?

„Дали мислат дека затоа што е нивен кандидат треба да го штитат? Или пак сметаат дека како во времето на Филипче кога за модуларната виновен беше кабелот, сега треба да биде виновна пумпата? Ги охрабруваме надлежните институции и обвинителството, да не ги штитат блиските на Филипче, Ахмети и Таравари. Одговорност треба да има што поскоро, а морална одговорност и оставка на Валбон Лимани беше најмалку што требаше да се случи“, вели Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK