Стефковски: После долги години Брњарци ќе добие водоводен систем во вредност од 7,8 милиони денари

Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети населеното место Брњарци. „Денес означуваме почеток на нов водоводен систем за ова населено место, проект кој опфаќа инсталација на нова водоводна мрежа во должина од 2,4 километри. И чија вредност изнесува 7,8 милиони денари. Како локална самоуправа сме посветени на решавање на децениските проблеми …

Continue Reading

Без вода, дел од скопска Гази Баба

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од Ф-125 мм на ул.Методија Андонов Ченто (до самофорите) во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.М.А.Ченто и насеба Сингилиќ со намален притисок, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот.( општина Гази Баба )

Continue Reading

Муцунски: Спортско-рекреативен комплекс во Долно Лисиче на површина од 1000м2

На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром. Инвестицијата се наоѓа на старото игралиште во ова населено место и опфаќа изведба на ново фудбалско игралиште со вештачка трева, ново кошаркарско …

Continue Reading

Герасимовски: „КК Работнички“ е домаќин и организатор на натпреварите од квалификациската „А“ група во ФИБА Европа купот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во придружба на дел од играчите на КК „Работнички“ ги најави квалификациите за кошаркарскиот ФИБА Евро куп кој ќе се одржи во Скопје. Квалификациите започнуваат од 2 до 5 октомври и Македонија ќе ја претставуваат кошаркарските клубови Работнички и Феникс 2010. „Навистина ме радува што нашиот најтрофеен клуб и најголем бренд на Центар повторно …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Карпош и Бутел

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош и општина Бутел. Во периодот од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Леринска – непарни броеви, општина Карпош. Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот Босна и Херцеговина во општина Бутел. Исто така, во периодот …

Continue Reading

Георгиевски: Општина Илинден започнува самостојно изградба и доградба на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино

Општина Илинден започнува самостојно изградба и доградба на градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, истакна Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Илинден. „Со оваа доградба го решаваме проблемот на веќе листите кои што ни се за престој на најмалите деца, на возраст од 9 до 24 месеци. Конкретно јаслените групи. Со оваа доградба со капацитетите што ќе се создадат, а …

Continue Reading

Мицкоски: И покрај сите опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ реализираат проекти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати благодарност до Александар Георгиевски и општина Илинден што даваат, како што вели „натчовечки напори и покрај сите опструкции кои ги имаат од централната власт да реализираат проект повеќе за да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните во општина Илинден“. „Можам да кажам дека овој објект кој градоначалникот го презентираше ќе претставува објект во …

Continue Reading

Герасимовски: Тодор Гечевски е новиот спортски директор на КК „Работнички“

Тодор Гечевски и официјално е новиот спортски директор на КК „Работнички“ објави денеска градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. На прес конференцијата Герасимовски истакна дека со новото раководство очекува победа на квалификацискиот турнир за ФИБА Евро купот во Скопје кое ќе трае од 2 до 5 октомври. „По неколкугодишна пауза, тимот од Центар сезонава повторно ќе игра во квалификациите за …

Continue Reading
Утре без вода дел од Чаир

Утре дел од Карпош без вода

Утре поради дефект на затварач ф100 мм на ул Ванчо Мицков бр 97 прекинато водоснабдување ке имаат корисниците на дел од ул Ванчо Мицков и дел од ул Демир Трајко во општина Карпош. Прекинот ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.

Continue Reading