Со бројни гости, од среда стартува роденденска недела и културно лето во Кисела Вода

20240624_101359.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција посветена на 69-тиот роденден општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето.

Под слоганот, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” во среда започнува роденденската седмица која ќе биде одбележана со најразлични случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации.

На повеќе сцени- на Три Круши, во паркот пред салата Расадник, но и во парковите Македонија и Шопен ќе се одвиваат голем број на настани кои годинава, како што истакна Ѓорѓиевски се замислени како цели фестивали со повеќе изведувачи.

Акцентот е ставен најмногу на македонските изведувачи, но има и звучни гости од Србија.

Од 26 до 29 јуни публиката ќе може да ги види Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, КУД Китка, Два Бона, Пајак, Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и Бресквица, а за роденденот на општината на 29 јуни е предвиден голем концерт на Суперхикс со пријателите-Дани Димитровска, Битолски камерен оркестар, “Ја, Дека и Зека” од Војводина, Фолтин, “21 век” и многу други.

Гостинот од Србија, Ѓорѓе Давид упати благодарност за гостопримството и истакна дека секогаш е расположен за соработка со македонски артисти кои исклучително ги цени.

-Со мислата „Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа“ сакам да го започнам моето денешно излагање, бидејќи со овој дух, во последните три години, Кисела Вода прерасна во лидер во реализацијата на иновативни проекти, со храбри чекори кои инспирираа многу други општини да го следат нашиот пример. Оттука, годинешниот слоган, “69 години Кисела Вода, храброто срце на градот,” ги рефлектира токму храброста и волјата со кои ја водиме нашата општина.
За роденденот на Кисела Вода веќе традиционално, ќе доделиме статуетки-клучеви за најзаслужните кои дале свој белег во афирмацијата и растежот на нашата заедница. Воедно, сите талентирани ученици кои освоиле награди на меѓународни натпревари во најразлични области од науката и спортот, ќе добијат парични награди на свечената седница на Советот на Општината.
Веќе споменав дека во овие седум дена ќе бидат реализирани и повеќе капитални инфраструктурни проекти кои беа долгоочекувани од жителите и за кои знаеме дека ќе бидат многу задоволни“, рече градоначалникот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK