(Фото) Детското игралиште во „Жданец“ со нов лик

Детското игралиште во населбата Жданец е целосно реновирано и реконструирано, со што најмладите жители добија побезбедно, поуредно и пофункционално место за игра и дружење. Во рамки на реконструкцијата, целосно се заменети оштетените реквизити, поставени се нови седишта на клацкалките, како и нова заштитна мрежа на кошот кој се наоѓа во состав на игралиштето, извести Општина Карпош. „Дополнително, со цел подобрување …

Continue Reading

Без струја денеска делови од Арачиново и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од село Арачиново лоцирани на пат за село Мојанце, корисниците од селата Мојанце и Орланце, објектот на пумпната станица Арачиново (општина Арачиново) како и дел од корисниците од улицата 12 во Горно Соње, општина Сопиште.

Continue Reading

(Фото) Ѓорѓиевски изврши увид во градежните активности на Универзалната сала: Наша заедничка цел е да ѝ ги вратиме сјајот и значењето што го заслужува

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретна со министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, со кого било разговарано за заедничките приоритети во културата и за зајакнување на соработката меѓу Град Скопје и Министерството. „Пред нас е голема можност и уште поголема одговорност – „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“. Ова признание треба да остави трајна вредност за …

Continue Reading

(Фото) Четвртоодделенците од Основното училиште „Лазо Трповски“ наградени на меѓународен натпревар во Берлин

Во ООУ „Лазо Трповски“, денеска се одржа свеченост по повод големиот успех на учениците од четврто одделение, кои освоија престижна награда на Меѓународниот училишен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026 во Берлин. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Сотир Лукровски, и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, кој на учениците им ги врачи пофалниците за нивниот успех и врвно …

Continue Reading

(Видео) „Вмровската ароганција кулминира – во Кисела Вода посегнаа да бркаат од седница советник кога не им се допаѓа вистината“, велат од Левица

„Претседателката на Советот на Општина Кисела Вода, Светлана Колариќ, посегна по обезбедување за да го отстрани од седницата советникот на Левица, Петар Здравевски. Наместо да обезбеди нормална расправа и еднакво право на збор, раководството на Советот демонстрираше чиста вмровска ароганција и антидемократски манири – политичкиот противник да не се побива со аргументи, туку да му се заканува и со физичко …

Continue Reading

(Фото) Општина Аеродром: Побезбедни и подобри улици за Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните работи на крак 28 на улицата „Тодор Чангов“, каде што во должина од 200 метри се врши целосна реконструкција, со замена на тампонскиот слој и асфалтната конструкција. За првпат, оваа улица добива темелно обновена сообраќајна површина, што ќе придонесе за поголема безбедност и подобри услови за движење на жителите, …

Continue Reading

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител …

Continue Reading

Од термален извор до современ туризам: потенцијалот што го има Македонија

Здравствениот и велнес туризмот во Македонија имаат солидна основа, но сè уште се развиваат нерамномерно. Земјата располага со повеќе термални извори – од Кочани и Штипскиот регион, преку бањите во Дебарско и Катланово, до југоистокот. Дел од нив нудат добри услови за релаксација и третмани, но ретко се среќава целосен систем што комбинира современа медицинска рехабилитација, квалитетно сместување, гастрономија и …

Continue Reading

Аеродром домаќин на 100-часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста. На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „’No Finish Line Skopje’ не е трка за …

Continue Reading