(Видео) Ѓорѓиевски по настапот на Дејвид Гета: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својата Фејсбук страница сподели видео од настапот и впечатоците на Дејвид Гета од спектакуларниот концерт во Скопје. -Скопје никогаш не било поубаво! Центар на светот, на забавата и дружењето! Град што пулсира со радост, обединува и создава спомени за цел живот! Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата за прекрасната организација и …
Continue Reading
Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар, ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата од „ЗНАМ“ и советникот на Левица, Куцуловски, дека имало цензура на снимката од седницата на Советот, која во живо се пренесувала на јутјуб-каналот на општината. Герасимовски тврди дека прекинот во преносот бил последица на технички проблем, односно прекин на интернет-врската, а не обид за прикривање на дел од седницата. „Нема цензура …
Continue Reading
(Видео) Подметнат е пожарот во Шутка: доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат
Безбедносна камера снимила две момчиња кои, според снимката, доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот. На видеоснимката се гледа како момчињата се приближуваат до дуќаните, по што избувнува пожар и тие го напуштаат местото.
Continue Reading
Карпошани во акција, чистеа јавни површини на три локации
Голем број граѓани, советници и вработени во општинската администрација денеска се приклучија на доброволна акција за чистење на јавните површини во Општина Карпош. Акцијата се одвиваше на три локации, каде учесниците беа поделени во работни тимови. Во Козле се чистеше просторот околу споменикот КЈП, спроти „Алумина“, во Лептокарија беа опфатени јавните површини во ТЦ Лептокарија, додека третиот тим работеше на …
Continue Reading
ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“
Движењето ЗНАМ го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, за цензура при објавувањето на официјалната снимка од седницата на Советот, тврдејќи дека видеото прекинува токму во делот во кој нивната советничка Александра Цветановска зборува за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, слободата на изразување и наводните притисоци врз советниците. „Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата“, велат од …
Continue Reading
Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 квадратни метри, најави Ѓорѓиевски
Во Ново Лисиче започна изградбата на нов парк на површина од 71.000 квадратни метри, со што запуштениот простор во непосредна близина на Фудбалската федерација на Македонија и последната автобуска станица на линијата „5“ ќе биде претворен во голема зелена целина наменета за одмор, рекреација и дружење на граѓаните, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Почетокот на изградбата беше означен денеска заедно …
Continue Reading
Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за „Барутана“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – „Барутана“. „На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да …
Continue Reading
Карпош продолжува со контроли на квалитетот на амбиенталниот воздух
Општина Карпош продолжува со активностите за следење и оценување на квалитетот на амбиенталниот воздух на својата територија, во насока на навремено идентификување на потенцијалните извори на загадување и заштита на животната средина. „Во рамки на активностите, стручни лица од лиценцирана фирма којашто ја ангажираше Општина Карпош, извршија мерења на квалитетот на воздухот на неколку локации низ општината. Мерењата се реализираа …
Continue Reading
„Советот на Општина Кисела Вода не смее да биде сцена за политички театар и лични пресметки“, велат од СДСМ Кисела Вода
„Вчерашната седница на Советот на Општина Кисела Вода уште еднаш покажа колку далеку може да отиде политичката неодговорност кога личните и партиските интереси ќе станат поважни од интересот на граѓаните. На седница со обемен дневен ред и точки од суштинско значење за секојдневното функционирање на општината, наместо сериозна, аргументирана и конструктивна дебата, сите бевме сведоци на жестока расправија, меѓусебни обвинувања, …
Continue Reading