Дел од Чаир утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на улицата Коста Абрашевиќ б.б, без вода ќе останат корисниците од улиците Коста Абрашевиќ, Панче Неделковски и Серава, во општина Чаир. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Continue Reading
(Фото) По завршувањето на светскиот спектакл, екипите на Град Скопје го расчистија отпадот околу стадионот
По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи до раните утрински часови, извести градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Веднаш по завршувањето на светскиот спектакл, екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк. Со многу труд и посветеност, се погрижија зад големата прослава …
Continue Reading
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска се планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија. Без струја ќе бидат дел од корисниците на улицата Гераника, поточно подулиците 3,5,7и10., општина Кисела Вода.
Continue Reading
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Во вторник по повод државниот празник– „Ден на независноста на Република Северна Македонија“ со почеток во 19:00 часот ќе се одржи музички настап на Националната Арена „Тодор Проевски“ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на приодите кон арената и булеварот „Илинден“. СВР Скопје апелира до сите …
Continue Reading
Ѓорѓиевски: Набавени 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје
Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Набавката, како што појаснува, има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и …
Continue Reading
(Видео) Серафимовски: Се преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецот
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви мерки и одлуки кои се насочени кон интензивирање на откупот на винското грозје од сортата вранец, заштита на сточниот фонд, олеснување на субвенциите и проверка на почитувањето на законските правила на пазарот. Мерките се утврдени врз основа на сознанијата од терен, официјалните податоци и анализата на расположливите институционални механизми, соопшти министерот за земјоделство, …
Continue Reading
26-годишник убиен кај Дуќанџик – напаѓачите побегнале со мотоцикл, МВР со детали за случајот
Дваесет и шестгодишен скопјанец е убиен во пукање што синоќа се случило во Дуќанџик, Според информациите од МВР за „Макфакс“, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата меѓу улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма. Во тој момент застанал мотоцикл со две …
Continue Reading
Во среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје
На подрачјето на Скопје во среда, 9 септември, ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје. Прскањето ќе се врши на водни површини. Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, таа ќе биде извршена првиот нареден ден со поволни временски услови, во истите термини. Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат …
Continue Reading
Левица: Скап квадрат за граѓаните, багатела за крупниот капитал: 23.000 м² во Аеродром за 46 евра по квадрат
Додека граѓаните на Аеродром и Скопје плаќаат и по 2.500 евра за квадратен метар станбен простор, крупниот капитал продолжува да добива привилегии од институциите. Компанијата „Адора“ на Чифлиганец добива повеќе од 23.000 квадратни метри атрактивно земјиште во Општина Аеродром по цена од околу 46 евра за квадратен метар, односно за вкупна сума од нешто над 66 милиони денари или околу …
Continue Reading