Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија.
Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона, а водител на вечерта ќе биде Сашко Коцев.
„Нешто што ќе остане“ годинава се одржува по четврти пат, а музичката вечер е дел од одбележувањето на големиот јубилеј – 50 години Општина Центар. И оваа година Општината останува доследна на определбата да ја поддржува и промовира македонската музичка сцена и домашните артисти.
Општина Центар ги повикува сите граѓани да ја забележат промената на датумот и да бидат дел од музичката вечер.
Новиот термин е петок, 11 септември, во 20 часот, во Парк на Франкофонија.