„Рекорден интерес за 50 години ’Македонски бисер’: Традицијата што создава шампиони ги обединува најдобрите борачи во Радовиш“

Како што се приближува 30 мај, интересот за меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“ расте. Годинeшното јубилејно издание, со кое се одбележуваат 50 години постоење, ветува дека ќе биде едно од најпосетените и најквалитетните досега. Својот настап на турнирот веќе го потврдија врвни натпреварувачи од над 10 земји. Оваа бројка е потврда за меѓународното реноме на настанот, кој е официјално препознаен …

Continue Reading

(Фото) Герасимовски: Го вративме шармот на старо Скопје, со корзо и игранка ги сплотивме центарци во незаборавна вечер

Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време“, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов“, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите исполнети со музика и …

Continue Reading

Темелно се реконструира патот кон Средно Водно, најави Ѓорѓиевски

Темелно се реконструира патот кон Средно Водно, објави на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Водно е душата на Скопје. Место каде генерации скопјани пораснале, место каде се бара мирот по напорниот ден, каде семејствата го поминуваат слободното време. Токму затоа, со сериозен пристап и силна динамика, започнавме темелна реконструкција на патот кој води кон Средно Водно. Овој пат е …

Continue Reading

Спасовден одбележан со свечена литургија во манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија

Во манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија, утринава, по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, беше одржана свечена Златоустова литургија во служба на свештениците од Гевгелиското архиерејско намесништво. На литургијата присуствуваа голем број верници, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој традиционално заедно со сограѓаните учествуваше во празничното одбележување. Со молитви за здравје, мир и благосостојба …

Continue Reading

10. седница: Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 27 мај

Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 10. седница на 27 мај 2026 година, во Малата сала на Народен театар- Гевгелија, со почеток во 09:30 часот. За работа на седницата е предвиден следниот дневен ред: 1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот Плански Регион за 2025 година, 2. Предлог-Одлука за обезбедување …

Continue Reading

Денот на пожарникарите во Гевгелија одбележан со успешната реализација на Проектот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“ – набавена нова опрема за ТППЕ- Гевгелија

Денот на пожарникарите во Гевгелија беше одбележан со презентација на резултатите од успешната меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Гевгелија и Општина Богданци за Проектот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“. На настанот присуствуваа претставници од Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и градоначалниците на општина Гевгелија и општина Богданци, претставници од ТППЕ-Гевгелија …

Continue Reading

Герасимовски: Од Ристиќева палата до ретро игранка, Центар вечерва го оживува старото скопското корзо

Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина …

Continue Reading

Без вода денеска дел од Центар

РЦУК Скопје известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Утре прекинато водоснабдување на дел од улицата „Дане Крапчев 26“

Утре поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Дане Крапчев 26, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.(општина Центар)

Continue Reading