„Рекорден интерес за 50 години ’Македонски бисер’: Традицијата што создава шампиони ги обединува најдобрите борачи во Радовиш“


borenje_turnir
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што се приближува 30 мај, интересот за меѓународниот боречки турнир „Македонски бисер“ расте. Годинeшното јубилејно издание, со кое се одбележуваат 50 години постоење, ветува дека ќе биде едно од најпосетените и најквалитетните досега.

Својот настап на турнирот веќе го потврдија врвни натпреварувачи од над 10 земји. Оваа бројка е потврда за меѓународното реноме на настанот, кој е официјално препознаен и во календарот на United World Wrestling (UWW).


„Интересот за учество е одличен показател дека ‘Македонски бисер’ и по 50 години останува референца за борачкиот спорт во регионот. Очекуваме извонредна атмосфера и врвни борби“, велат од организацискиот одбор.

Турнирот ќе опфати повеќе боречки категории и дисциплини во слободен стил, овозможувајќи динамична и квалитетна спортска програма во текот на целиот ден.

Борбите ќе се одвиваат во целосно реновираната сала на БК Бучим Радовиш, која во јануари 2025 година доби нов под и модернизирани трибини според највисоките стандарди.

Покрај официјалниот натпреварувачки дел кој ќе се пренесува во живо на МРТВ, на платото пред СРЦ 25 Мај ќе биде организирана забавна зона за посетителите каде публиката ќе може да ужива и во богата забавна програма. Наскоро повеќе информации за настанот.

Домаќин на настанот е БК Бучим Радовиш, под покровителство на Боречката федерација на Македонија и Општина Радовиш, со поддршка на генералните партнери: Бучим, Адора и Комерцијална банка.

За дополнителни информации, следете ги официјалните профили на БК Бучим на Facebook и Instagram.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK