Цените на нафтата повторно растат поради сомнежите за прекин на огнот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денес повторно надминаа 97 долари за барел, поттикнати од сомнежите на инвеститорите за одржливоста на прекинот на огнот меѓу САД и Иран. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, што ја зголемува неизвесноста на пазарите, објавува Euronews. Цените се опоравија по падот на почетокот на неделата поради објавувањето на двонеделниот …

Continue Reading

„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA

Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија. Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен …

Continue Reading

Цените на гас во Европа нагло паѓаат

Цените на гас во Европа денес нагло паднаа откако Иран и САД објавија двонеделен прекин на огнот, сигнализирајќи целосно отворање на Ормутскиот теснец за транзит на енергетски пратки. Мегават-час гас со рок за испорака во мај, утрово се тргуваше по 45,36 евра на референтната холандска дигитална берза TTF, што е речиси 15 проценти поевтино отколку на вчерашното затворање. По нападот …

Continue Reading

Онлајн трговијата бележи рекордни бројки – во 2025 се потрошени 950 милиони евра

Асоцијацијата за е-трговија ги анализираше најновите објавени податоци за трансакции на места на продажба за е-трговија на Народната банка за 2025 година според кои може да се забележи дека вредноста и бројот на вкупните онлајн трансакции направени од Македонци кон домашни и странски е-трговци, како и од иматели на странски картички кон македонски е-трговци има забележителен раст. Вредност на реализирани …

Continue Reading

Пад на цените на нафтата и раст на берзите по договорот меѓу САД и Иран

Глобалните цени на нафтата нагло паднаа, а берзите пораснаа откако САД и Иран постигнаа условен двонеделен договор за прекин на огнот и повторно отворање на Ормускиот теснец, пренесе „Би-Би-Си“. Цената на „брент“ нафтата падна за околу 13% на 94,8 долари по барел, додека американската нафта се намали за повеќе од 15%. Сепак, цените остануваат повисоки од периодот пред конфликтот. Пазарите …

Continue Reading

Човештвото од другата страна на Месечината – НАСА објави историски фотографии

Првата фотографија од темната страна на Месечината е направена за време на мисијата Артемис II, а НАСА објави снимки од вселената. Екипажот на Артемис II, од леталото Орион, за првпат во историјата ја видел темната страна на Месечината, а објавени се и фотографии на кои се гледа таа страна со Земјата во позадина. The Artemis II crew captured this image …

Continue Reading

„Реплек“ со раст на домашниот пазар од 20% во првиот квартал од годинава и зголемена дивиденда за 25%

Со стабилни продажни резултати и зајакната позиција на домашниот фармацевтски пазар, „Реплек АД Скопје“ ја стартува 2026 година. Во првиот квартал од годинава компанијата оствари вкупни продажби во сегментот Фармација од 7,2 милиони евра, при што домашниот пазар бележи изразен раст од 20%. На акционерското Собрание кое се одржа на почетокот на април беше донесена одлука за зголемување на дивидендата …

Continue Reading

(Видео) Видовме глетки што никој човек никогаш порано не ги видел: први сведоштва на астронаутите по летот околу Месечината

Американскиот претседател, Доналд Трамп, разговараше со екипажот на „Артемис 2“ по нивното историско прелетување покрај далечната страна на Месечината. Зборувајќи пред четиричлениот екипаж, Трамп рече дека тие направиле историја и ја направиле Америка горда, додека астронаутите ги споделија своите уникатни искуства од вселената. Трамп им честиташе на командантот Рид Вајсман, пилотот Виктор Гловер и специјалистите за мисии Кристина Кох и …

Continue Reading

Историска мисија: Астронаутите се оддалечија најдалеку од Земјата досега

Мисијата „Артемис II“ на НАСА влезе во клучна фаза, со четири астронаути кои моментално летаат околу Месечината, најдалеку што луѓето се оддалечиле од Земјата за повеќе од половина век. Екипажот од Рид Вајзман, Кристина Кох, Џереми Хансен и Виктор Гловер е на десетдневна мисија за време на која вселенското летало „Орион“ ќе ја орбитира Месечината и ќе се врати на …

Continue Reading