Залутан куршум оштети автомобил во Брњарци, полицијата го расчистува случајот
Залутано зрно од огнено оружје оштетило автомобил во селото Брњарци, скопско. Случајот бил пријавен во полицијата откако 39-годишен жител забележал оштетување на хаубата од својот автомобил. Според пријавата, оштетена е хаубата на „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде дошло залутаното зрно и под …
Continue Reading
Во изминатото деноноќие лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“. -Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта. Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, …
Continue Reading
Гостиварец приведен во полиција, ја нападнал сопругата и ѝ го скршил телефонот
68-годишен гостиварец е приведен откако неговата 65-годишна сопруга пријавила дека ја нападнал во нивниот семеен дом, а потоа ѝ го оштетил и мобилниот телефон. Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 15 часот, по што жената се упатила во полициската станица за да го пријави сопругот. Во моментот кога таа пристигнала во полицијата, тој наводно продолжил со заканите кон неа. …
Continue Reading
Малолетна девојка од струмичко пријавила сексуална злоупотреба
Случај на сексуална злоупотреба на малолетно девојче е пријавен во полицијата во Струмица. Случајот го пријавила нејзината 40-годишна мајка, која посочила дека девојчето било сексуално злоупотребено од лице кое го познава семејството. Според пријавата, настанот бил пријавен во СВР Струмица во текот на ноќта, а полицијата веќе презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Од МВР …
Continue Reading
Трагедија кај Миладиновци: Татко и 18-годишен син загинаа во директен судир, тројца тешко повредени
Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што околу 2 часот по полноќ се случила на општинскиот пат Илинден – Миладиновци, кај полициската база Брест, која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Според Основното јавно обвинителство Скопје, директно се судриле „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувана од 19-годишен кумановец, и „хјундаи и30“, управуван …
Continue Reading
Ја претепал поранешната партнерка: кривична за 48-годишен скопјанец
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје. Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. Имено на 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. …
Continue Reading
Загина 47-годишен кумановец: со возилото излетал од патот
Вчера во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за с.Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител …
Continue Reading
Со метални предмети го нападнале на паркинг простор пред одморалиште во Струга
Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети го нападнале З.Б.(32) од Струга. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Continue Reading
Претрес во Куманово, пронајдена дрога: уапсен 53-годишен маж
Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 53-годишниот А.И. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Continue Reading