Вчера во 13:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 53-годишниот А.И. од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, бил пронајден и одземен хероин.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.