Залутано зрно од огнено оружје оштетило автомобил во селото Брњарци, скопско. Случајот бил пријавен во полицијата откако 39-годишен жител забележал оштетување на хаубата од својот автомобил.
Според пријавата, оштетена е хаубата на „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки. Случајот бил пријавен синоќа во СВР Скопје.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување од каде дошло залутаното зрно и под кои околности било испукано.