Полицаец кај Блаце влечен со возило од криумчари на стока
Полицаец синоќа бил нападнат и потоа влечен со возило и пуштен, при што се здобил со повреди. инцидентот се случил на близина на граничниот премин Блаце, откако полицијата се обидела да запре камион со криумчарена стока. Според информациите од МВР, вчера околу 17 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, кај местото викано „Вражји вир“, полициски службеници забележале …
Continue Reading
Активен пожар во селото Конско, гевгелиско
Еден активен пожар е регистриран до 13 часот. Станува збор за пожар во селото Конско во општина Гевгелија. Центарот за управување со кризи информира дека интервенираат три пожарникари со едно противпожарно возило.
Continue Reading
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола
Мотоциклист од битолското село Кравари се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Битола. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 12 септември во 12:23 часот, на крстосницата на улиците „Солунска“, „Димо Хаџи-Попов“ и „Михајло Бојаџиев“. Во несреќата учествувале патничко возило „Мерцедес“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Д. Ќ. од Битола, …
Continue Reading
53-годишен маж пронајден починат во својот дом во Аеродром
53-годишен маж бил пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 12 септември околу 13:25 часот во СВР Скопје. На местото, лекар констатирал смрт кај В.М. (53). Извршен бил увид, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Continue Reading
48-годишен тетовец уапсен по пријава од сопругата: Ја нападнал во нивниот дом по расправија
48-годишен жител на Тетово е лишен од слобода поради сомнение дека физички ја нападнал својата 41-годишна сопруга во нивниот дом. Од СВР Тетово информираат дека на 12 септември во 15:30 часот, на улицата „Борче Кочовски“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода 48-годишниот маж поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ при семејно насилство. Случајот во полицијата во …
Continue Reading
Без дозвола, пијани и со туѓа регистарска таблица: 13 возачи приведени низ Македонија
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“. -Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп. Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол. При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје …
Continue Reading
Тешка сообраќајка кај Струга, тројца во болница
Тројца се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што вчераутро се случила на регионалниот пат меѓу струшките села Велешта и Враништа. Според СВР Охрид, незгодата била пријавена на 12 септември во 7:30 часот, а во неа учествувале два автомобили „голф“, двата со струшки регистарски ознаки. Со едното возило управувал Ф.Б. (36) од Лабуништа, а со другото Е.Ќ. (54) …
Continue Reading
„Таск Форс“ во акција кај Љубаништа: Приведен прилепчанец со повеќе пакувања марихуана
Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“. Во рамки на мерките за …
Continue Reading
Три тепачки во Скопје за само неколку часа, се тепале со тврди предмети, нападнати и малолетници
Три физички пресметки се пријавени во Скопје во период од само десетина часа, при што во еден од случаите биле употребени и тврди предмети, а во друг биле нападнати малолетници. Првиот случај бил пријавен во петокот попладне во селото Кондово. По претходна расправија, дошло до физичка пресметка меѓу 43-годишниот С.А. и 41-годишниот Х.А. Само неколку часа подоцна, во раните утрински …
Continue Reading