Кривична против две лица од Кочани: во приватна фирма во Виница украле вреќи со бакарни предмети

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.П. и 16-годишник од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба“ во обид. На 01.05.2026 во приватна фирма во Виница, пријавените одзеле вреќи со бакарни предмети, а на 10.05.2026 на истата локација се обиделе да одземат други бакарни предмети.

Continue Reading

Кривична против маж од Гостивар: истепал 12-годишно дете

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 47-годишниот З.Ј. од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 23.08.2026 пред неговата куќа, пријавениот физички нападнал 12 – годишно дете.

Continue Reading

Уапсен скопјанец: ја истепал поранешната партнерка во неговиот дом во Кисела Вода

Ноќеска во 00:55 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 48-годишниот В.С. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Малолетничка вознемирувана и допирана по телото од пријател на својот очув: случајот го пријавила нејзината мајка

Вчера во СВР Скопје, 45-годишна жена пријави дека нејзината малолетна ќерка била вознемирувана и допирана по телото од 63-годишниот М.Г., пријател на нејзиниот сопруг, 46-годишниот Б.М., кој е очув на нејзината ќерка. Истиот ден, 45-годишната жена пријавила и дека на 05.09.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.М.(46). Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што ќе …

Continue Reading

Вооружен грабеж во обложувалница во Ѓорче Петров

Вчера во 09:02 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 08:30 часот во обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана со пиштол од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Масовна тепачка во двор во куќа во Тетово: кривична против пет лица

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ш.И., 25-годишниот Ф.И., 38-годишниот Ш.И., 28-годишниот Б.И. и 51-годишниот А.И., сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 25.06.2026 во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените, по претходна расправија помеѓу двајца од пријавените, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

Continue Reading

Маж од Берово донесен во болницата во Кочани: при истовар на глина од камион, возилото се превртило, а тој се здобил со тешки повреди

На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 68-годишниот З.С. од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница. Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во …

Continue Reading

Скопјанка го пријавила сопругот за физички напад, а тој дека жената фрлала предмети кон него

На 09.09.2026 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со 50-годишен маж од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар физички ја нападнал неговата 38-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Исто така, и 50-годишникот пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата …

Continue Reading

Кривична против маж од Скопско: измамил едно лице за 11.000 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 31-годишниот С.Б. од село Копаница, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во април 2026, пријавениот довел во заблуда лице од село Шипковица, тетовско, со кој склучил купопродажен договор за товарно возило, за кое требало да исплати 11.000 евра.

Continue Reading