Вчера во 17:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во 00:50 часот на паркинг простор пред одморалиште во Струга, две лица со метални предмети го нападнале З.Б.(32) од Струга.
Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.