Советот на Европа ја критикуваше работата на службата за спасување на бродот со мигранти во Грција, кога се удавија стотици луѓе

Советот на Европа денеска ја повика Грција да ја разјасни улогата на нејзината крајбрежна стража во превртувањето на брод со мигранти во средината на јуни, кога се удавија неколку стотици луѓе. Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ испрати писмо до грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во кое изразува загриженост за „минимизирање на улогата на крајбрежната стража во …

Continue Reading

Ковачевски: Се додека нема оценка за стратешките инвестиции за филмски студија на Џон Малкович во Скопје, Владата не може да носи одлука

Се работи за проект кој што е поднесен од група на приватни инвеститори и тој се разгледува од работна група, којашто работи на оценка на стратешките инвестиции. Се додека нема оценка за сите аспекти на можната предложена идеја за инвестиција, тогаш Владата не може да носи одлука, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на прашање дали ќе се разгледува проектот …

Continue Reading

Викендов топло со пониски утрински температури и слаб ветер

Викендов времето ќе биде претежно стабилно и топло со пониски утрински температури. В понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа ќе има стабилизирање на времето. Како што соопшти УХМР, за време на викендов минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19 степени. Максималната температура ќе се движи од 28 …

Continue Reading

УХМР: Овогодинешниот јуни постуден и екстремно дождлив

Месец јуни 2023  година, се карактеризира како постуден  и екстремно врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираше Управата за хидрометереолошки работи, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава. – Средномесечната температура изнесуваше 13,5 степени  во Лазарополе до 23,1 степени  во Гевгелија. Споредено со просечните јунски температури за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната температура изнесуваше  потпросечност  за 0,5 …

Continue Reading

Блер: Климатски проблеми не можат да се решат без учество на Кина

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека климатските проблеми не можат да се решат без учество на Кина. Блер ги предупреди лабуристите дека не вреди да се наметнуваат дополнителни трошоци на гласачите за спроведување на „зелените политики“, бидејќи, како што истакна, важни се само емисиите на загадување во Кина. Тој во интервју за „Њу Стејтсмен“ го предупреди лидерот на лабуристите …

Continue Reading

Јончевски: Кошаркарите мотивирани ги очекуваат олимписките претквалификации во Талин

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Александар Јончевски е задоволен од досегашниот тек на подготовките за претстојните олимписки претквалификации во Талин, додавајќи оти играчите имаат мотив да се претстават себеси и државата во најдобро светло. Турнирот во естонската престолнина 12. до 15. август за македонските кошаркари ќе биде втор настап во историјата во квалификации за место на Олимписките игри, по …

Continue Reading

„Тојота“ лидер на светскиот автомобилски пазар во првата половина од 2023 година

Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите 6 месеци од 2023 година, престигнувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината) – германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти. Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, или 5,5 …

Continue Reading

„Инклузива“ ќе почне проект за инклузија во пристап до јавни информации

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ ќе почне со реализација на проектот „За инклузија во пристап до јавни информации за лица со попреченост“, информираа од здружението. Проектот има за цел да го зголеми бројот на едуцирани потенцијални баратели, лица со попреченост за пристап до јавни информации. Преку проектот ќе се обучи општинската администрација за поддршка на лица …

Continue Reading

Спасовски: Флешери на возилата имале градоначалници, министри, раководители, но сега нема

Флешери на возилата имале градоначалници, министри и раководители, но во минатото, сега не, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали вакви уреди има и на возилата и на членови на СДСМ, како што беше случај со запаленото возило, кое медиумите го поврзуваат со првиот вицепремиер Артан Груби. -Дали имало во политички партии? Имало. Дали имало …

Continue Reading