Меморандум за взаемно признавање на лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија со Косово

Македонските снабдувачи и трговци со електрична енергија ќе може да тргуваат, но и да ги снабдуваат корисниците на косовскиот пазар, а истата можност ќе ја имаат и косовските трговци и снабдувачи кои имаат лиценца. Тоа е овозможено со Меморандумот што го склучија Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) и Канцеларија на енергетскиот регулатор од Република Косово – ЕРО …

Continue Reading

Без вода корисниците од улица „Македонско Косовска Бригада“

Поради уличен дефект ф-100 мм на „Македонско Косовска Бригада“ 10/37, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Од ЈП Водовод и канализација Скопје информираат дека е можно да се намали притисокот на водоснабдувањето во касарната „Илинден“. Водоснабдувањето, како што е наведено во соопштението, ќе биде прекинато од 12:00 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Поставен камен темелник на новиот објект на Полициската станица Аеродром

На локацијата на старата Полициска станица во Аеродром денеска беше поставен камен темелник на новиот објект на Полициската станица од општа надлежност Аеродром во рамки на Секторот за внатрешни работи Скопје. Новата полициска станица е проектирана да се изгради на површина од 3 500 квадратни метри со рок за изградба 30 месеци, а вкупна вредност од околу 130 милиони денари …

Continue Reading

Ковачевски: Ако досега ветото за евроатлантските интеграции доаѓаше однадвор, сега прв пат може да дојде одвнатре

Граѓаните уште пред 32 години го определија курсот на движење на земјава, кон НАТО и кон ЕУ, а уставните измени, кои се согласно Преговарачката рамка, се нешто што може да го завршат исклучиво македонските политичари, а не некој однадвор, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во врска со тоа дали разговарал со опозициската ВМРО-ДПМНЕ или чека странците …

Continue Reading

„Би-би-си“: Затаил системот на „Гугл“ за предупредувања за земјотрес

Системот за предупредување за земјотрес, којшто „Гугл“ го стави на располагање за паметните уреди со оперативен систем „Андроид“, треба да испраќа известувања за корисникот навреме да стигне на безбедно, но тоа не се случило на 6 февруари во Турција. Истражувачите на „Би-би-си“ разговарале со стотици луѓе во три турски градови и откриле дека ниту еден од нив не добил предупредување …

Continue Reading

Во Србија еутанизирани се 17.888 свињи поради африканска чума, заразата стана регионален проблем

Во Србија досега од вкупно 1.068 фарми на територијата на 32 општини се потврдени 1.569 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи, од кои угинале 782 животни, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 17.888 свињи се еутанизирани во заразените фарми со безопасно отстранување и дезинфекција на фармата. -Републичката ветеринарна инспекција, …

Continue Reading

Во Пустец отворена манифестацијата „Македонско културно лето 2023″

Со настап на ансамблот „Преспа” на плоштадот Гоце Делчев во Пустец, Мала Преспа, Албанија, синоќа свечено беше отворено 16.то издание на фестивалот „Македонско културно лето 2023″. Фестивалот е поддржан од Општина Пустец и градоначалникот Пали Колефски, македонското Министерство за култура, Обединета македонска дијаспора, Кромберг и Шуберт и Општина Велес. На првиот фестивалски ден, пред публиката беше изведена и театарска претстава …

Continue Reading

Ковачевски: На следната владина седница ќе ги повикам МЕПСО да ги образложат деталите околу назначувањето на ИКТ директорот

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека на следната владина седница ќе го повика МЕПСО да ги достави сите детали околу назначувањето на директорот на ИКТ секторот, кој пред три години заминал од компанијата и зел отпремнина. – Ќе ги повикам на следната седница на Влада да ги покажат сите детали и доколку не е според закон, а лицето работело на друго …

Continue Reading

Путин: Русија внимателно ги разгледува африканските иницијативи за решение на конфликтот во Украина

Русија внимателно ги разгледува африканските предлози за изнаоѓање решение за вооружениот конфликт во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на самитот Русија-Африка организирана во Санкт Петербург. „Да ја земеме на пример иницијативата на голем број африкански земји за решавање на украинската криза. Тоа е сериозен проблем, не можеме да го игнорираме“, рече Путин пред неколку високи …

Continue Reading