Претседателот Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети што ќе се одржи утре во Вестминстерската опатија во Лондон. На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Continue Reading

Украина: Соборивме два дрона над регионот Дњепропетровск

Украинската армија собори две беспилотни летала над регионот Дњепропетровск во текот на ноќта на 5 мај, објави на Телеграм гувернерот на тој регион Сеги Лисак. Руските сили го гранатираа и градот Никопол, кој се наоѓа од другата страна на реката Днепар спроти окупираниот град Енерходар, дом на нуклеарната централа Запорожје. „Од гранатирањето оштетени се 10 куќи, огради и една деловна …

Continue Reading

Времен сообраќаен режим на улица „Александар Урдаревски“

ЈП Улици и патишта Скопје соопштио дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на дел од коловозот на улицата „Александар Урдаревски“, во општина Бутел, на потегот од крстосницата кај населеното место Кучевишка бара кон обиколница  ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива денеска од 08:00 до 15:00 …

Continue Reading

Спалети: Титулата им ја посветувам на сите наполитанци

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, емотивно го доживеа освојувањето на шампионската титула, прва за клубот од Неапол по пауза од 33 години. На синоќешното гостување против Удинезе во Удине, на фудбалерите на Наполи за заверка на титулата им беше доволен бод кој го донесе Виктор Осимен во 52. минута, откако домаќините поведоа во 13. минута преку Санди Ловриќ. Македонскиот репрезентативец …

Continue Reading

Германскиот и данскиот министер за одбрана во посета на центарот за обука на украинските војници

Германскиот и данскиот министер за одбрана, Борис Писториус и Троелс Лунд Поулсен денеска ќе ја посетат обуката на украинските војници за борбени тенкови Леопард 1 А5. За време на посетата, Писториус и Лунд Поулсен ќе разговараат со инструкторите и украинските војници. Украинските војници се обучуваат од германски и дански инструктори во Клиц, источна Германија. Клиц е центар на Мисијата на …

Continue Reading

Во Скопје санкционирани 126 возачи

На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 126 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, девет мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Continue Reading

Земјотрес од 6,3 степени во јапонската префектура Ишикава

Земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јапонската префектура Ишикава, на западот на земјата, соопштија локалните власти. По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, објави Кјодо. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Continue Reading

Амбер Хард се пресели во Шпанија

Глумицата Амбер Хард ги напуштила САД и се преселила во Мадрид откако го загуби судскиот случај со поранешниот сопруг Џони Деп. Како што пишува „Дејли мејл“, таа си отишла од Холивуд и „тивко се пресели во Шпанија со нејзината ќерка Унаг“. Според наводите, Хард говори два јазика – англиски и шпански, па преку океанот е среќна, и „сака да ја …

Continue Reading

РТС: Уапсен убиецот кај Младеновац

Како што дознава РТС, масовниот убиец кој синоќа уби осум и рани 13 лица е уапсен во околината на Крагуевац. Напаѓачот со автоматско оружје пукал во жителите на неколку села во општина Младеновац.

Continue Reading