Банкарство во метаверзумот – Вештачката интелигенција го менува начинот на кој управувате со парите

Вештачката интелигенција (ВИ) цвета во моментов, а некои аналитичари тврдат дека тоа е најважната тема за Big Tech оваа година. Нови производи и технологии базирани на вештачка интелигенција постојано се појавуваат, а нивното влијание само ќе расте насекаде, вклучително и во банкарството. Може да очекувате дека четбот ќе одговори кога ќе се обидете да ја контактирате вашата банка преку Интернет …

Continue Reading

Осуммина убиени и 13 ранети во вооружениот напад во Дубона кај Младеновац

Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе, јави Бета. Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин. Српските медиуми јавија дека во тек е акција за потрага по осомничениот, насловена „Вихор“, …

Continue Reading

Премиерот на Австралија бара ослободување на Асанж

Премиерот на Австралија, Ентони Албанес изјави дека задржувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во затвор „повеќе не служи за никаква цел“ и оти тоа е „фрустрирачки“. Асанж веќе четири години е во лондонскиот затвор Белмарш откако беше извлечен од Амбасадата на Еквадор. – Мислам дека случајот Асанж треба да се погледне од аспект на тоа што се случило, кои …

Continue Reading

Руски функционер предупреди за можно оштетување на централата Запорожје и ризици за нуклеарната безбедност

Руски функционер предупреди дека рекордно високите нивоа на водата би можеле да ја прелеат големата брана во јужна Украина и да оштетат делови од нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола. Ренато Карча, советник на главниот директор на компанијата за нуклеарна енергија Росенергоат, вели дека во случај на пукање на браната Каховка, ќе се поплави доводната линија за пумпните …

Continue Reading

Настан во НУБ „Свети Климент Охридски“ по повод Денот на македонскиот јазик

На 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озаконува првиот правопис на македонскиот јазик. По тој повод, денеска од 11 часот, Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ го организира настанот „Преку јазикот на Конески и Миладиновци до светот на македонската …

Continue Reading

Чин: Кина ќе ги продлабочи билатералните односи со Русија и со Индија

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг, на вчерашната средба со колегите од земјите членки на Шангајска организација за соработка (СЦО) што се одржа во Индија, истакна дека Пекинг ќе ги продлабочи билатералните односи со Русија и со Индија. Тој вети дека нивната ќе се зајакнува нивната координација и соработка. Чин на маргините на СЦО се сретна со шефот на …

Continue Reading

Состојба на патишта

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading

„Оставете не во мир“ – мурал на млади уметници од Франција, Германија и Македонија во Градскиот парк

Мурал насловен „Оставете не во мир“ изработен од млади уметници од Франција, Германија и  Македонија ќе биде претставен денеска во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за проектот „Оставете нè во мир!“ на Францускиот институт во Скопје, Гете институтот и здружението „Лоја“ од Тетово во кој се вклучени дваесет и еден млади уметници од Франција, Германија и од  Македонија чија …

Continue Reading

Земјотрес во Бангладеш

Земјотрес со јачина од 4,3 степени го погоди денеска Бангладеш, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). ЕМСЦ претходно соопшти дека земјотресот бил со јачина од 5,2 степени. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на околу 14 километри североисточно од главниот град Дака. Засега нема информации за повредени луѓе и причинета материјална штета

Continue Reading