Пендаровски: Македонскиот јазик е заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие

Денеска го чествуваме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие, ден кога ја славиме нашата посебност. Денеска оддаваме почит на македонскиот јазик кој е чувар на нашата колективна меморија, вечниот паметник на нашето постоење и лингвистичка гордост, напиша во пораката по тој повод претседателот Стево Пендаровски. Македонскиот јазик со …

Continue Reading

„Гугл“ го најави новиот телефон на преклопување „Пиксел фолд“

„Гугл“ го потврди и официјално го најави доаѓањето на пазарот на новиот паметен телефон на преклопување, наречен „Пиксел фолд“. На својата Конференција за 2023 година, технолошката компанија прикажа и куса видеоснимка која го најавува новитетот што своето официјално претставување ќе го има на 10 мај. Сѐ уште нема подробности за самиот уред, но прикажано е дека се отвора слично како …

Continue Reading

Во последните 24 часа две лица загинаа во руско гранатирање на Доњецк

Павло Кириленко, украинскиот гувернер на Доњецк, еден од окупираните региони на Донбас за кој Русија тврди дека го анектираше, соопшти дека двајца жители на регионот биле убиени, а петмина ранети во руски гранатирања во последните 24 часа. Тој на Телеграм објави дека во текот на ноќта била погодена трговска компанија во Краматорск, но во тој напад нема повредени.

Continue Reading

Евростат: Во 2022 година регистрирана највисока стапка на вработеност во ЕУ

Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот и војната во Украина предизвика загриженост на аналитичари дека ќе ја влоши економијата. Но, податоците на Евростат покажуваат дека барем засега нема причина за страв бидејќи 75 отсто (193,5 милиони) од луѓето на возраст од 20 до 64 години во Европска Унија биле вработени во 2022 година, што е најголем процент на вработени лица …

Continue Reading

Турција, Русија, Украина и ОН разговараат за продолжување на договорот за извоз на жито

Официјални претставници на Турција, Русија, Украина и Обединетите нации денеска ќе се сретнат за да разговараат за договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, најави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Денешниот состанок ќе биде технички, по што следната недела ќе следи средба на заменици министри. Акар појасни дека на денешната средба ќе се разговара за евакуација на …

Continue Reading

Приведен разбојник од скопско, расчистено кривично дело

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба, вчера во 04:30 часот, лишиле од слобода малолетник од село Мралино, општина Илинден. Како што информираат од МВР, малолетникот се сомничи дека на 30.04.2023 извршил кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во село Петровец, при што со закана од вработената одзел пари. -Во службен раговор во полициска станица, во …

Continue Reading

Левица: Сто и педесет километри марш во чест на Гоце Делчев

На 120 години од загинувањето на најголемиот наш револуционер и татко на македонската нација – Гоце Делчев, Левица по третпат го одржа тридневниот марш во негова чест од 150 километри од Гевгелија до вечното почивалиште на великанот во црквата „Свети Спас“ во Скопје, соопштија денеска од партијата. – Како и минатите години, маршот го предводеше советникот на Левица од Гевгелија, …

Continue Reading

ВЕЛЕШКИТЕ УЛИЦИ ЌЕ СЕ ЧИСТАТ СО ВОЗИЛА ОД БРАКО

Општина Велес набави две електрични возила произведени од БРАКО за одржување хигиена на градските улици. Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив. Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на БРАКО, Грин Машинс, ќе придонесува за почист …

Continue Reading

Од 8 до 20 мај затворање на пругата од Велес до Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради ремонт ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија. Како што информира ЈП ЖРСМ Инфраструктура, во овие денови од месецот, возот број 632 на релација Гевгелија – Скопје од почетна станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути, односно во 18:20 часот. На 14 …

Continue Reading